Јован XXI (лат. Johannes PP. XXI; околу 1215 - 20 мај 1277) — римски папа од 8 септември 1276 до 20 мај 1277[1]. Тој бил единствениот папа од португалско потекло.
Тој требал да биде Јован XX, но неправилните пресметки, делумно поради легендарната папа Јована, која се сметала за Јован VIII, а и делумно поради антипапите. Педро Жулиан со своите познавањња се сметал дури и за волшебник. Тој бил лекар, потоа кога се оддал на религијата станал епископ на Тускул.
Откако бил избран за папа си дал одредена цел, да организира крстоносен поход. Се смета дека тој бил главниот посредник во спорот помеѓу Алфонсо Кастиљски и Филип III околу наследството во Кастиља.
Наводи
|
---|
| I – IV век | |
---|
| V – VIII век | |
---|
| IX – XII век | |
---|
| XIII – XVI век | |
---|
| XVII – XXI век | |
---|
|