Палијак е програденнеправилен сателит на Сатурн. Бил откриен од Џон Кавеларс, Брет Гледман, Жан-Марк Пети, Ханс Шол, Метју Холман, Брајан Марсден, Филип Николсон и Џозеф Брнс на почетокот на октомври 2000 година,[6][7][8] и му била дадена привремената ознака S/2000 С 2 .
Името го добил во август 2003 година по фиктивен шаман во книгата „Проклетството на шаманот“ од Мајкл Кусугак, кој на Кавелар му предложил имиња на џинови од Инуитската митологија кои биле користени за да се именуваат другите сатурнски месечини.[9]
Се смета дека Палијак има пречник од околу 22 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 15,2 милиони km за 687 дена. Тој е член на Инуитската група на неправилни сателити. Исто така, тој е во близина со други 9 месечини кои повремено меѓусебе се доближуваат и до десет милји.
Има светло црвена боја, а под инфрацрвена светлина спектарот на Палијак[10] е многу сличен оној на сателитите од Инуитската група Кивиук и Сијарнак, што оди во прилог на тезата Инуитската група можеби има заедничко потекло откако поголемо тело се распаднало.[11]
↑Petten, Cheryl. „Naming Saturn's moons“. Ammsa.com (англиски). Aboriginal Multi-Media Society. The fourth name, Paaliaq, is a character Kusugak created in his latest book, Marble Island-The Curse of the Shaman, which Kusugak is currently trying to get published. The characters Kiviuq and Siarnaq are also found in the book.
↑The genitive form of Paaliaq is Paaliap. Thus the adjectival form could be absolutivePaaliaqian or genitive Paaliapian, parallel to nominative Venusian and genitive Venerian for Venus. See Inuktitut morphology