На 21 октомври 1906 година Илиев заедно со андарскиот капетан Симо Стојанов (Симос Јоанидис) влегол во селото Кладороби, по влегувањето на андратските чети биле убиени двајца селани, тројца биле ранети, а една куќа била запалена.[1]
На 8 октомври 1907 година четите на Петар Ацев, Ѕоле Стојчев и Крсто Љондев го нападнале родното село на Илиев, Раково, во нападот бил убиен таткото на Павле Илиев, а биле запалени 70 куќи. Во ноември 1908 година Илиев го убил војводата Димко Николов.[2]
Илиев поради своите ајдучки манири дошол во судир со грчкиот комитет. На 13 октомври 1908 година Илиев бил убиен од Младотурците.[3][4][5]
По Павле Илиев е именуван силогосот во родното му село,[6] а во 1960 година е подигната негова биста.[7][8][9]
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 48.