Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Жабени; скратено: ПООУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Жабени, претставува единка на истоименото училиште од селото Бистрица, Општина Битола.[2]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски филолог Крсте Петков Мисирков.
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Жабени.
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на албански наставен јазик, додека во минатото таа се изведувала на македонски наставен јазик.