Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно училиште „Кочо Рацин“ - Охрид; скратено: ПОУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во охридското село Долно Лакочереј, во состав на истоименото училиште од градот Охрид, Општина Охрид.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Првично училиштето работело во старата училишна зграда во средиштето на селото, изградена уште во 1929 година. Во 1966 година, училиштето било преселено во северниот дел на селото со изградбата на новата училишна зграда. Новата зграда била целосно обновено во 2001 година.