Основно училиште „Дедо Лазор Циркоски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Дедо Лазор Циркоски“ - Враништа; скратено: ПООУ „Дедо Лазор Циркоски“) — подрачно основно училиште во селото Враништа. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Враништа и претставува дел од основното училиште „Јосип Броз Тито“ од градот Струга.
Училиштето во минатото го носело истото име како и централното училиште во градот Струга, односно се нарекувало ОУ „Јосип Броз Тито“ - Враништа.[1]