Основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Дедо Иљо Малешевски“ - Мачево; скратено: ПООУ „Дедо Иљо Малешевски“) — подрачно основно училиште во селото Мачево, составен дел на истоименото училиште од градот Берово.[1]
Училиштето е именувано по војводата Дедо Иљо Малешевски.
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Мачево, сместено на влезот во селото, непосредно до главниот пат.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи