Отоманско-полска војна (1633–1634)

Отоманско-полска војна (1633–1634)
Дел од Отоманско-полски војни

Тврдината во Каменец
Датум 1633–1634
Место Украина
Исход без победник
Територијални
промени
статус кво
Завојувани страни
Полско-литванска Државна Заедница  Османлиско Царство

Полско-османлиската војна претставува војна меѓу Полско-литванскиот комонвелтот и Отоманското Царство и нејзините вазали во периодот од 1633 до 1634 година.

Заднина

Мехмед Абази бил управитл на османлиската провинција Силистра, денешна Бугарија. Во 1632 година, по смртта на полскиот крал Сигисмунд III, Русија започнала војна позната како Смоленска војна. Абаз ги мобилизирал своите сили во Молдавија и започнал со напади. Како амбициозн човк се смета дека делувал без знаење на султанот чија империја била длабоко инволвирана во војната со Персија (1623-1639). Султанот Мурат IV тврдел дека не го познава Абаз, но можеби тој имал таен договор со него.

1633

На 29 јуни 1633 година група на Татари спровеле напад во областа Каменец Подолски во денешна Украина, тогаш на територијата на комонвелтот. По извршените грабежи тие се повлекле на молдавска територија која била вазална земја на Османлиите. Кога за ова разбрал командантот Хетман Станислав Конецполски веднаш ја мобилизирал својата војска и навлгол на молдавска територија каде на 4 јули во близина на реката Прут успеал да убие десетици илјади Татари а уште току да зароби. По ова тој се вратил на левиот брег од реката Днестер кај Каменец Подолски и започнал дополнителна мобилизација каде дошле 3.000 редовни војници и околу 8.000 Козаци. Управителот на Силистра Абаз Мехмед Паша со сила од околу 10.000 војници заминал кон Хотин и на 22 октомври започнал со напади, но истите биле одбиени од полска страна со многу загуби.

1634

Во следната година веќе била официјализирана војната со комонвелтот. Но султанот имал проблем бидејќи кримскиот хан решил да ја нападне Руската Империја. Во тоа време московските војници се бореле против полските. Голем дел од татарите се нуделе на комонвелтот да извршат напад кон Москва во замена на подароци. Така во 1632 година околу 20.000 татарски војници ја нападнале Москва, а нападите продолжиле до 1637 година. Во меѓусебните напади, комонвелтот победил во Смоленската војна во 1634 година а по потпишувањето на мир со Москва, полскиот крал Владислав IV заминал на југ кон денешна Украина. Во септември 1634 година околу 30.000 полски сили биле концентрирани во близина на Каменец. Целата ситуација била променета кога султанот го испратил својот пратеник на преговори во Варшава обвинувајќи го Абаз Мехмед Паша, кој се обидел да се сокрие но подоцна бил фатен и однесен во Истанбул.

Крај на конфликтот

Така бил потпишан договор според кој требало да бидат сопрени ордите да ги напаѓаат полските територии, но договорот не бил почитуван. Набргу по ова, Абаз бил ослободен а султан Мурат IV започнал војна со Персија каде ги освоил Азербејџан, го окупирал Тебриз и го зазел Багдад во 1638 година.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!