ЈЗУ Општа болница - Кочани ― здравствена установа сместена во средишното подрачје на градот Кочани. Болницата ги нуди здравствените услуги на населението кое живее во општините: Кочани, Чешиново-Облешево, Зрновци, како и за населението од општините кои гравитираат кон Oпштина Кочани, како: Виница, Македонска Каменица, Берово, Пехчево и Делчево, регион во кој живеат околу 115,000-120,000 луѓе.[2]
Историја
Болницата е основана во 1924 година како противмаларична станица.[3] Во 1949 година биле изградени општата и стоматолошката амбуланта, а во 1952 година е регистрирана под името Здравствен дом Кочани. Во текот на 50-тите години на минатиот век отворени се уште неколку амбуланти и одделенија како што се интерното одделение, детското одделение, хирургија.[2]
Поради зголемените медицински услуги, се јавило потреба за просторно проширување и Медицинскиот центар - Кочани да вложи. Во 1982 година бил направен проектот од страна на архитектот Тодор Георгиевски, и неговите соработници Снежана Арсова и Мимоза Капсарова. Проектот бил награден со плакетата на град Кочани, во 1984 година. Градежните активности биле во 1983-1884 година и биле вршени од РГО „Бетон“ - Скопје и ООЗТ „Х Градилиште“ - Кочани.[4][5]
Досегашни директори
Ова е список на лицата кои биле директори на Општата болница:[6]
Димитар Димитров (1964-1967)
Љубомир Хаџивасилев-Вардарски (1967-1970)
Антонио Кладорабски (1970-1974)
Кирил Апостолов (1974-1982)
Мирко Анакиевски (1982-1986)
Душан Данев (1986-1991)
Владимир Коцев (1991-1995)
Душан Данев (1995-1999)
Блаже Георгиев (19.01.2000 - 13.04.2001)
Михаил Иванов (2001-2002)
Александар Серафимов (2002-2006)
Миле Николовски (2008-2010)
Марија Јорданова (2006-2011)
Дејан Апостоловски (2011)
Оливера Цимбалевиќ (17.10.2016 - 26.04.2017)
Дарко Иванов (26.04.2017 - 04.08.2017)
Борка Панова (04.08.2017)
Александар Серафимов (2017-)
Особености
Болницата има на располагање 7,796 м2 во делот за хоспитализација, односно соби за преглед и сместување на пациентите, како и 524 м2 за специјалистичко-советодавни услуги.
Кадар
Вкупниот број на вработени во болницата е 226 од кои 43 лекари (4 примариуси, 29 лекари специјалисти, 5 доктори на специјализација и 5 лекари од општа пракса). Меѓу другите вработени има 5 луѓе високообразовна квалификација (економист, електроинженер и биохемичар).
Одделенија
Согласно средината на 2010-тите, во рамките на делот за хоспитализација болницата располага со 120 легла за пациенти, распоредени на следните одделенија:[7]
интерно одделение;
САРИЛ, Гинекологија и акушерство со оддел за новородени деца;