Олимписки стадион „Фишт“ (руски: Олимпийский стадион «Фишт») — стадион сместен во Олимпискиот парк во Сочи, Русија. Именуван е по планината Фишт. Се наоѓа во близина на Олимпиското село и има сместивост од 40.000 гледачи.[1] Визијата за Олимпискиот стадион била на покривот од градбата да му даде изглед на снежни врвови, обезбедувајќи дека тоа е во хармонија со позадината на Имеретинската Низина и Кавказот. Стадионот ќе биде главниот објект за време на церемониите за отворање и затворање на Зимските олимписките игри, како и за време на Зимските параолимписки игри.[3][4]
Стадионот е проектиран од глобалните водачи за спортска архитектура Populous и британската консултантска компанија Buro Happold.
Ѕидовите и покривот на стадионот претставуваат една целина изградена од проѕирни поликарбонати. Подвижниот дел од покривот се отвора кон север, со што на гледачите им се овозможува непречен поглед на планинските врвови на Кавказот на исток и брегот на Црното Море на запад. Кога е отворен покривот, стадионот потсетува на отворена школка.
Во октомври 2013, Централната банка на Русија издала банкнота од 100 рубљи,[6] сто дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи. Сината банкнота осликува сноубордер во лет на едната страна, а на другата страна Олимпискиот стадион „Фишт“[7].