Chariots of Fire или Огнени кочии е албум од грчкиот композитор на електронска музика Вангелис објавен во 1981 година. Албумот претставува саундтрак за истоимениот британски филм кој освоил четири оскари вклучувајќи ги оние за најдобар филм во годината и најдобра музика.
Албумот бил на врвот на Билборд 200 во период од четири недели. Првата оесна наречена Titles, но широко позната како Chariots of Fire била издадена како сингл во 1981 година и истата била подолго време на врвот од Билборд Хот 100. Албумот имал голем успех и во Велика Британија и Австралија.
Директор на филмот Хју Хадсон, го избрал Вангелис да компонира музика на филмот откако станал импресиониран со неговите албуми Opera Sauvage и China. Вангелис употребил повеќе инструменти како синтисајзери, акустично пијано и го снимил во Nemo studio во Лондон кое било основено во 1975 година.