По ослободувањето во објектот одреден период била печатницата “Киро Дандаро”, а подоцна била адаптирана како “Стопанска банка ”, односно зградата ја добила истата функција која првобитно ја имала а ја има и денес[2].
Стилски и архитектонски одлики
Стилските елементи му припаѓаат на француските сецесионистички фасадни елементи и стил кои биле карактеристични со богато украсувани елементи и релјефи на стилизиранафлора распоредена на сите делови на фасадата.
Покрај украсите изведени во гипсена штукатура и капители од теракота зградата има и богата декорација на фасадата поврзана со ковано железо во деловите на прозорците, терасата, портата на која е монтирано и стакло, поделено на повеќе површини во вид на монохроматскивитраж.
Објектот е еден од најубавите примери на архитектура во градот Битола, а и во Македонија како одраз и пример на европско влијание и европски архитектонски еклектицизам.
Во проектанската архитектонска целина присутни се хармонично споени и синтетизирани ренесансни и барокни елементи.
Портата на Отоманската Банка го има приматот за најубаво украсена и стилски компонирана порта во градот Битола[3].
Во 2002 година целосно се обновени сите оштетени декоративни елементи на фасадата и е извршено конзерваторско освежување под раководство на Народен музеј - Битола.