Основно училиште „Тодор Ангелевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Тодор Ангелевски“ - Битола; скратено: ООУ „Тодор Ангелевски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ Тодор Ангелевски.
Училиштето се наоѓа помеѓу населбата Баир и населбата Ушици.
Училиштето Тодор Ангелевски е добро опремена зграда на два ката каде наставата редовно ја посетуваат ученици од прво до осмо одделение. Покрај редовната настава додатните часови и секциите помогнале ова училиште да учествува на општински, регионални и републички натпревари каде има освоено многу награди. Има голем број на кабинети и училници каде наставата редовно и успешно се изведува.
Во склоп на централното основно училиште функционира и подрачното основно училиште во приградската населба Горно Оризари во кое настава посетуваат ученици од населбата Горно Оризари и населбата Стрелиште. Училиштето во Стрелиште е подрачно петгодишно основно училиште.