Ноќ на вештерките (англиски: Halloween, скратено од All Hallows' Evening — „Вечерта на Сите Свети“) — празник што се слави на 31 октомври. Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain), додека други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени. Ова е народен празник, но посебно врзани со него се некои христијани и пагани, особено Ирските доселеници во Северна Америка кои донеле со себе верзија на нивната традиција.[1] Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги (trick-or-treat), посетување на „проколнатите“ места, палење логорски оган, маскенбал, резбање тикви (jack-o'-lanterns), „вадење јаболка“ (apple bobbing), читање страшни приказни и гледање филмови на ужасите.
Етимологија
Изразот „Ноќ на вештерките“ (Halloween) за првпат е употребен во 16 век и претставува шкотска варијанта на целосниот назив Ноќта на Сите Свети (All Hallows' Even ('evening')), односно, ноќта пред Денот на Сите Свети. Иако фразата Сите Свети (All Hallows') се среќава и во Стариот англиски (ealra hālgena mæssedæg, ден на миса за сите светци), изразот Ноќта на Сите Свети се споменува дури во 1556 година.
Историја
Келтски влијанија
Иако изразот Ноќ на вештерките има христијанско потекло, генерално се смета дека празникот има пагански корени. Историчарот Nicholas Rogers, истражувајќи го потеклото на овој празник, забележува дека иако „некои фолклористи неговото потекло го лоцираат кај римскиот празник Помона, божиците на овошките и семињата, или кај денот на мртвите наречен Parentalia(периодични обреди во чест на мртвите родители и роднини), почесто се поврзува со, келтскиот празник Саун", што доаѓа од старо ирскиот израз за „крај на летото“ ("summer's end"). Саун бил првиот и најважен од четирите квартални денови (квартелен ден се нарекувал секој од четирите фиксни денови кои по обичај го означувале првиот ден на тримесечјето - денот кога се плаќала рента и сл.) во средновековниот галски (ирски, шкотски и мански/на островот Ман во Ирското Море/) календар. Овој празник се славел на или околу 31 октомври - 1 ноември, а и во другите келтски земји во истиот период од годината се славеле сродни празници; на пример бритонскиот (бритскиот) Calan Gaeaf (во Wales), Kalan Gwav) (во Корнвол) и Kalan Goañv (во Бретања). Саун се споменува и во некои дела на најраната ирска литература како и во многу важни настани од ирската митологија кои се случувале или почнувале на Саун. Овој празник го одбележувал крајот на сезоната на жетвата и почетокот на зимата или „помрачната половина“ на годината. Во ова време се правел инвентар и подготовки за претстојната зима; стоката се враќала од летните пасишта, а она што било за колење се колело. Кај повеќето галски народи имало ритуали кои вклучувале и палење огнови. Некои од овие ритуали навестуваат дека тие можеби во одреден период вклучувале и поднесување човечки жртви. На Саун исто така се изведувале и ритуали или игри со гатање.
Саун (како и Белтеин (Beltane), (еден од кварталните денови - првиот ден во мај) се сметал време кога „вратата“ од другиот свет се отовара доволно да можат душите на мртвите и други суштества како на пример самовилите, да влеза во нашиот свет. Се сметало дека на Саун душите на мртвите ги посетувале своите домови. Се одржувале гозби на кои душите на мртвите роднини со гест со раката се поканувале да се придружат на гозбата, а на масата се поставувало место и за нив. Lewis Spence го опишува како „гозба за мртвите“ и „празник на самовилите“. Но, исто така се сметало дека на Саун биле активни и лошите духови и самовили. Луѓето преземале мерки како да ги смират или да се одбранат од овие штетни духови/самовили, а ова се смета дека влијаело на денешните костими кои се носат на Ноќта на вештерките. Пред 20 век, на Саун костими се носеле само во делови од Ирска, Ман, Шкотските планини и острови и Велс. Маскирањето можеби потекнува од потребата луѓето да се маскираат пред овие штетни духови/самовили, иако некои сметаат дека маските потекнуваат од христијанските или христијанизираните верувања (погледнете подолу). Во Ирска, луѓето оделе наоколу собирајќи храна за гозбата на Саун, а понекогаш додека го правеле тоа биле и маскирани, односно носеле различни костими. Во 19 век на јужниот брег на Ирска, човек облечен како бела кобила ги водел младите од врата до врата да собираат храна; со тоа што им давале храна домаќините можеле да очекуваат добра среќа од 'Muck Olla'. Во Moray во текот на 18 век, момчињата ги посетувале сите куќи во селото барајќи гориво за големиот оган што се палел на Саун. Модерниот обичај прелажи-или-чести можеби потекнува од овој стар обичај. Но може и да доаѓа од христијанскиот обичај наречен souling (погледнете подолу).
Првањето фенери од тиква (jack-o'-lanterns) на Ноќта на вештерките можеби исто така потекнува од Саун и келтските верувања. Во 19 век во делови од Ирска како и шкотските планини на Саун се правеле фенери од репка, кои понекогаш имале вдлабени лица. Освен што се користеле за да му го осветлат патот на оној што во ноќта на Саун бил надвор, тие исто така ги претставувале духовите/самовилите и/или луѓето ги користеле за да се заштитат себеси и својот дом од нив. Но, исто така се нуди и варијанта според која истите имаат христијанско потекло.
Влијание на христијаните
Исто така се смета и дека празникот Ноќта на вештерките има влијание и од христијанскиот празник Сите свети (исто така познат и како All Hallows, Hallowmas или Hallowtide) на 1 ноември и Задушница на 2 ноември. Тоа е време за чествување на светците и молитви за неодамна починатите кои допрва треба да стигнат во Рајот. Празникот Сите свети е воведен во 609 г., но првобитно се одбележувал на 13 мај. Во 835 г., по налог на Папата Григориј IV истиот е префрлен на 1 ноември (на истиот ден кога се слави и Саун). Некои сметаат дека ова е последица на келтското влијание, додека според други тоа била германска идеја.
До крајот на 12 век низ цела Европа тие станеле задолжителни празници и вклучувале традиции како биење камбани за душите во чистилиштето. Се смета дека „прелажи-или-чести“ води потекло од "souling", обичајот да се печат и разделуваат таканаречени коледарски колачиња (soul cakes) (специјално подготвени колачи или колачиња што, во различни грофовии во северниот и средниот дел на Англија, им се даваат на луѓето особено на групи деца на денот на Задушница) за "сите крстени души". Групи сиромашни луѓе, често деца, на денот на Сите Свети/Задушница, оделе од врата до врата собирајќи колачиња, првобитно како начин да се помолат за душите во чистилиштето. Сличен обичај за душите на мртвите е откриен и толку далеку на југ дури во Италија. Шекспир го споменува овој обичај во својата комедија Двајцата благородници од Верона (1593 г.), кога Спид го обвинува својот господар дека "кука како питач на денот на Сите свети." Обичајот да се носат маски со денот на Сите Свети/Задушница го поврзува и Prince Sorie Conteh, кој напишал: "Традиционално се веруваше дека душите на починатите талкаат по земјата сè до денот на Сите Свети, а Ноќта спроти Сите Свети на умрените им дава последна шанса да им се одмаздат на своите непријатели пред да преминат во другиот свет. Со цел да ја избегнат можноста,било која од овие души, која можеби бара одмазда, да ги препознае, луѓето носеле маски или костуми за да го прикријат својот идентитет". Во своето дело Ноќта на вештерките: Од пагански ритуал до ноќ на забава, Nicholas Rogers објаснува дека фенерите од тиква што сега се длабат на Ноќта на вештерките првобитно ги претставувале душите во чистилиштето. Во Бретања децата поставувале свеќи во черепи и на гробишта.
Во Британија, овие обичаи биле напаѓани во текот на реформацијата бидејќи протестантите го критикувале чистилиштето како "папска" доктрина некомпатибилна со претставата за предестинација/предодреденост. Растечката популарност на Guy Fawkes Night (5 ноември) почнувајќи од 1605 г., присвои многу традиции карактеристични за Ноќта на вештерките, а популарноста на Ноќта на вештерките во Британија опаѓа, со Шкотска како исклучок кој вреди да се забележи. Таму и во Ирска, на бунтовниот Guy Fawkes не се гледа какао на криминалец како што тоа е случај во Англија, и тие го слават Саун и Ноќта на вештерките барем уште од раниот среден век, а шкотската црква (Scottish kirk) има многу попрагматичен пристап кон Ноќта на вештерките, имено на овој празник гледа како на важен настан за животниот циклус и a more pragmatic approach to Halloween, seeing it as important to the life cycle and обред на преминување на заедниците, на тој начин обезбедувајќи опстојување на овој празник во земјата.
Ширење во Северна Америка
Во Северна Америка алманасите од касниот 18 век и раниот 19 век не даваат никакви показатели дека овој празник воопшто се празнувал таму. Пуританците од Нова Англија, на пример, биле силна опозиција на Ноќта на вештерките сè масовната имиграција од Ирска и Шкотска во текот на 19 век кога овој празник бил донесен во Северна Америка. Ограничен само на иселеничките заедници во средината на 19 век, општеството постепено го асимилирало овој празник и до првите декади на 20 век веќе го празнувале сите, од едниот до другиот брег, и тоа без оглед на општествената, расната и религиозната припадност.
Симболи
Развојот на артефактите и симболите поврзани со Ноќта на вештерките се одвивал со текот на времето. Репката традиционално се користела во Ирска и Шкотска, но иселениците во Северна Америка ја користеле домашната тиква, која е и многу помека и многу поголема - што длабењето го правело полесно отколку кога требало да се длаби репка. Потоа, масовното рекламирање тикви од различни големини во есен, и на корпоративните и на локалните пазари, направи тиквите за оваа намена да бидат насекаде достапни. Американската традиција за длабење тикви е забележана уште во 1837 г. и првобитно се поврзува со времето на жетвата, а конкретно со Ноќта на вештерките се поврзува дури во средината - касниот 19 век.
Модерниот лик на Ноќта на вештерките доаѓа од многу извори, вклучувајќи народни носии, дела од готиката и хорор литература (како што се романите Франкенштајн и Дракула) и класичните хорор филмови (како што се Франкенштајн и Мумија). Едно од најраните дела на тема Ноќта на вештерките е од шкотскиот поет John Mayne, кој, во 1780 г., ги запишал шегите од Ноќта на вештерките; "Какви страшни шеги следат!", како и натприродното поврзано со ноќта, "Bogies" (духови), кое влијаело на поетот Robert Burns и неговата Ноќ на вештерките од 1785 г. Исто така преовладуваат и елементи од есента, како што се тиквите, лушпите од пченка и страшилата. Во време на Ноќта на вештерките куќите често се украсуваат со овој вид симболи.
Ликовите на Ноќта на вештерките вклучуваат теми како смртта, злото, окултното, и чудовишта од митологијата. Традиционални бои на Ноќта на вештерките се црната, портокаловата, а понекогаш и пурпурната.
Прелажи-или-почести и маскирање
Прелажи-или-почести во Шведска
Прелажи-или-почести е вообичаена прослава за децата на Ноќта на вештерките. Децата преоблечени во костуми/маски одат од куќа до куќа, барајќи да им се дадат колачиња, а понекогаш и пари, со прашањето, "Прелажи или чести?" Зборот "прелажи" се однесува на (воглавно празна) "закана" дека ќе се изведе некоја шега/палавост/ на сопственикот на куќата или на неговиот имот доколку не бидат почестени.
Во Шкотска и Ирска, преоблекувањето - деца преоблечени/маскирани во разни костуми одат од врата до врата барајќи храна или парички - е традиционален обичај за Ноќта на вештерките, забележан во Шкотска во 1895 г. на Ноќта на вештерките каде маскираните носеле фенери од репка и ги посетувале домовите барајќи да бидат наградени со колачи, овошје и пари. Обичајот да се маскираат на Ноќта на вештерките, во Северна Америка, за првпат е забележан во 1911 г., кога еден весник во Kingston, Ontario известил за тоа дека маскирани деца кружеле низ соседството.
Американскиот историчар и автор Ruth Edna Kelley од Massachusetts ја напишала првата книга за историјата на Ноќта на вештерките во САД; Книга за Ноќта на вештерките/The Book of Hallowe'en (1919 г.), каде во главата "Ноќта на вештерките во Америка" пишува за коледарење/souling/ (одење од куќа до куќа, при што се пее песничка и се собираат пари, храна, пијалаци, нешто слично како нашите коледари):
Вкусовите во однос на забавите на Ноќта на вештерките денес подразбираат проучување на старите традиции, и одржување шкотски забави, користејќи ја поемата на Burn's Ноќта на вештерките како водич; или да се оди од куќа до куќа (коледарење) како што тоа го правеле Англичаните. На кратко, ниту еден поранешен обичај од Ноќта на вештерките не се смета за застарен денес.
Во нејзината книга, Kelley зборува и за обичаите кои дошле од другата страна на Атлантикот; "Американците ги усвоија и се трудат ова да биде настан кој ќе личи на она што мора да се случувало во најдобрите времиња. Сите маски/костуми за Ноќта на вештерките во Соединетите Држави се позајмуваат или прилагодуваат директно од оние од другите земји". Додека "преоблекувањето/маскирањето" во Северна Америка за првпат е забележано во 1911 г., друг запис за ритуалното питачење на Ноќта на вештерките се јавува, местото е непознато, во 1915 г., а третото во Чикаго во 1920 г.
Првиот печатен запис на терминот "прелажи или почести" се појавува во 1927 г., од Блеки, Алберта, Канада:
Ноќта на вештерките даде можност за навистина напорна забава. Не е направена никаква вистинска штета освен на расположението на некои кои мораа да бараат тркала од запрежни коли, врати, запрежни коли, буриња итн., а повеќето од овие ја украсија главната улица. Младите мачители беа на предната и задната врата барајќи плен во храна со зборовите “прелажи или почести” на што домаќините со задоволство одговараа и ги испраќаа разбојниците со радост.
Илјадници разгледници со мотиви од Ноќта на вештерките произведени на преминот во 20 век и 1920-тите обично прикажуваат деца но не и прелажи-или-почести. Издавачот на една колекција од преку 3.000 традиционални разгледници за Ноќта на вештерките, пишува, "Има разгледници кои го споменуваат обичајот [прелажи-или-почести] или прикажуваат деца облечени во костими како стојат на врата, но колку што нѝ е познато тие се печатени после 1920-тите, а повеќе од веројатно е дека се дури од 1930-тите. На раните разгледници се прикажани измамници од различен вид, но не и начините и средствата со кои истите се смируваат ". По сè изгледа дека обичајот прелажи-или-почести не станал широко распространет сè до 1930-тите; терминот во САД за првпат се јавува во 1934 г., а првпат е употребен во државна публикација во 1939 г.
Костуми/маски
Костумите за Ноќта на вештерките традиционално се подготвувале според натприродни ликови како што се чудовишта, духови, костури, вештерки и ѓаволи. По извесно време, изборот костими се проширил опфаќајќи и популарни ликови од книжевноста, славни личности и архитипови како нинџи и принцези. Облекувањето костуми и маскирањето на Ноќта на вештерките преовладувале во Ирска и Шкотска до касниот 19 век. Преоблекувањето за забавите на Ноќта на вештерките станало популарно во САД во раниот 20 век, исто толку често за возрасните колку и за децата. Првите масовно произведени костуми за Ноќта на вештерките се појавиле во продавниците во 1930-тите кога прелажи-или-почести се стекнува со популарност во Соединетите Држави.
Костимираните забави за Ноќта на вештерките генерално се одржуваат на или околу 31 октомври, често во петок или сабота пред Ноќта на вештерките.
Прелажи-или-почести за UNICEF
"Прелажи-или-почести за UNICEF" е програма за собирање средства за поддршка на UNICEF, Програма на Обединетите Нации која обезбедува хуманитарна помош за децата од земјите во развој. Започна како локален настан во североисточното соседство на Филаделфија во 1950 г. за во 1952 г. да се прошири низ целата држава, програмата ги вклучува училиштата (или во поново време корпорациски спонзори како Hallmark, во нивните лиценцирани продавници) кои на учесниците на прелажи-или-почести им разделуваат мали кутии во кои тие ќе ги собираат малите донации во ситни пари од куќите кои ги посетуваат. Се проценува дека од почетокот на оваа акција децата имаат собрано повеќе од is 118 милиони долари за UNICEF. Во Канада, во 2006 г., UNICEF одлучи да ја прекине програмата со кутиите за собирање донации на Ноќта на вештерките, наведувајќи ја безбедноста и загриженоста на управата како причина за тоа, после претходно извршените консултации со училиштата.
Игри и други активности
На оваа честитка за Ноќта на вештерките од 1904 г., е опишано претскажување: млада жена гледа во огледало во затемнета просторија надевајќи се да фати краток поглед на лицето на нејзиниот иден сопруг.
Има неколку игри кои традиционално се поврзуваат со забавите на Ноќта на вештерките. Една вообичаена игра е нуркањето или вадење јаболка, кое во Шкотска може да се нарече и "нурнување ", каде јаболката пливаат на површината на водата во када или голем сад со вода, а учесниците мораат да ги употребат своите заби за да ги извадат јаболката. Некои сметаат дека овој обичај произлегува од римскиот обичај и начинот како се славела Pomona. Една варијанта на нуркање вклучува и коленичење на столче, при што учесникот треба меѓу забите да држи виљушка и се обидува да ја забоде виљушката во јаболкото. Друга вообичаена игра се состои во тоа да се закачат со конци од горе да висат погачи натопени во меласа или сируп; овие погачи мора да се изедат без да се употребат рацете, додека погачите висат на конците, активност која неизбежно води кон тоа лицето на учесникот да стане многу лепливо.
Некои игри кои традиционално се играат на Ноќта на вештерките се форми на претскажување. Една традиционална шкотска форма на претскажување на идниот брачен другар е јаболкото да се излупи во една долга лента, потоа лушпата се фрла преку рамо. Се верува дека лушпата кога ќе падне ќе ја има формата на првата буква од името на идниот брачен другар. На немажените жени им се велело дека доколку седат во затемнета просторија и гледаат во огледало ноќта на празникот, лицето на идниот сопруг ќе се појави во огледалото. Но, доколку им е судено да умрат пред да се омажат, ќе се појави череп. Овој обичај бил доволно распространет да се појави и на честитки од касниот 19 век и раниот 20 век.
Друга игра/суеверие во која уживале во раните 1900-ти вклучувала лушши од ореви. Луѓето ги пишувале претскажувањата со млеко на бела хартија. Откако ќе се исуши, ја виткале хартијата и ја ставале во лушпа од орев. Кога лушпата ќе се загреела, млекото че добиело кафеава боја и напишаното ќе се појавело на она што изгледало како празна хартија. Народот исто така играл и гатање. За да се игра оваа игра, се сечеле симболи од хартија и се ставале во чинија. Некој ќе влезел во темна просторија и ќе му се наредело да ја стави раката на парче мраз, а потоа на чинијата. Нејзината "судбина" ќе се залепела на дланката. Хартиените симболи вклучувале: знак за долар - богатство, копче - ергенство, напрсток - стара мома, штипка за алишта - сиромаштија, ориз - венчавка, чадор - патување, казан/котел - неволја, четирилисна детелина - среќа, пени - среќа, богатство, прстен - ран брак, и клуч - слава.
Раскажувањето приказни со духови и гледањето хорор филмови се вообичаен содржина на забавите на Нота на вештерките. Обично на и пред Ноќта на вештерките се пуштаат епизоди од телевизиски серии и специјални емисии, додека новите хорор филмови често се дистрибуираат во кино салите пред Ноќта на вештерките за да се искористи атмосферата.
• Печена блага пченка
• Коледарски колачиња (soul cakes)
Ноќта на вештерките низ светот
Традицијата и важноста на Ноќта на вештерките во голема мера варира помеѓу земјите кои го слават овој празник. Во Шкотска и Ирска, традиционалните костуми/маски за Ноќта на вештерките вклучуваат и облекување Опседнати атракции
Опседнати атракции
Опседнатите атракции се забавни места замислени да ги возбудат и заплашат обожавателите. Повеќето атракции претставуваат сезонски бизниси за Ноќта на вештерките. Потеклото на овие застрашувачки места, за чија посета се наплаќа, е тешко да се одреди, но генерално е прифатено дека за првпат ја користеле невладината младинска организација Junior Chamber International (Jaycees) за собирање средства. Тука спаѓаат куќи со духови, пченкарен лавиринт, и возење во камион, запрежна кола или санка украсена со сено, а со напредокот на индустријата се подигнало и нивото на софистицираност на ефектите. Опседнатите атракции во Соединетите Држави се проценува дека носат околу 300–500 милиони долари годишно и привлекуваат околу 400,000 посетители, иако според извори од печатот од 2005 се шпекулира дека индустријата во тој период го достигнала својот врв. Развојот и напредокот на индустријата довел до технички понапредни специјални ефекти и костими, кои можат да се споредуваат со оние од холивудските филмови.
Храна
Бидејќи Ноќта на вештерките се слави во рана есен кога се и првите берби на јаболка, кандираното/зашеќереното јаболко (надвор од Северна Америка познато и како јаболко лижавче), карамелизирано јаболко или јаболко лижавче е вообичаен десерт за честење на Ноќта на вештерките кој се прави така што цели јаболка се валкаат или поточно се потопуваат во леплив, шеќерен сируп, а понекогаш после тоа се валкаат и во ореви и сл. Своевремено, било вообичаено на децата да им се даваат кандирани јаболка, но овој обичај брзо почнал да исчезнува кога се рашириле гласини дека во Соединетите Држави некои луѓе во јаболката вметнуваат предмети како игли и ножиња за бричење. Иако постојат докази за вакви инциденти, тие се мошне ретки и никогаш не резултирале со сериозни повреди. Сепак, многу родители сметаа дека ваквата грозна пракса е широко распространета заради средствата за јавно информирање. На врвот на хистеријата, некои болници понудија бесплатно рендгенско снимање на она што децата ќе го добијат на Ноќта на вештерките со цел да се добијат докази за вакви подметнувања. Практично во сите од неколкуте познати инциденти на труење со колачиња беа инволвирани родители кои ги труеле колачињата на сопствените деца.
Еден обичај кој истрајува и во современа Ирска е печењето (или, што е почест случај денес, купувањето) колаче со рибизли/barmbrack (на ирски: báirín breac), што претставува лесно овошно колаче, во кое пред печењето се ставаат обичен прстен, паричка и други ситници. Се вели дека оние што ќе го добијат прстенот ќе ја најдат вистинската љубов во следната година. Ова е слично со традицијата кралски колач на празникот Богојавление.
Список на јадења кои се поврзуваат со Ноќта на вештерките:
• Barmbrack (колаче со рибизли) (Ireland)
• Bonfire toffee (еден вид тврди карамели) (Велика Британија)
• Кандирани јаболка/карамелизирани јаболка (Велика Британија и Ирска)
• Кандирана пченка, кандирана тиква (North America)
• Карамелизирани јаболка
• Карамелизирана пченка
• Colcannon (јадење од зелка и пире од компири) (Ирска)
• Новина се бонбони во форма на черепи, тикви, лилјаци, црви, итн.
• Тиква, пита со тиква, леб од тиква
• Печени семки од тиква
на децата во костуми со кои се маскираат во некој друг, одржување забави, додека во Ирска исто така се палат огнови и се прави огномет. Во 19 век, масовната имиграција преку Атлантикот го популаризира овој празник во Северна Америка, а прославите во Соединетите Држави и Канада имаа значајно влијание на начинот како овој празник се празнува во другите земји. Ова големо влијание, особено во поглед на иконските и комерцијалните елементи, се шири сè до јужна Америка, Австралија, Нов Зеланд, (поголемиот дел од) континентална Европа, Јапонија и други делови од Источна Азија.
Религиозни перспективи
Христијанство
Ставовите на христијанството кон овој празник се различни. Кај Англиканската црква, некои епископии избрале да ги истакнат христијанските традиции врзани за Ноќта спроти Сите Свети. Некои од овие обичаи вклучуваат молитви, пост и присуство на богослужба.
Оче, Семоќен и Бесмртен Боже, денес се радуваме на сите свети мажи и жени од сите времиња и места. Нека нивните молитви нѝ ја донесат твојата прошка и љубов. Молиме за ова преку Христос нашиот Бог. Амин. - Молитва за ноќта спроти Сите Свети, од молитвеникот.
Други Христијани Протестанти исто така ја слават ноќта спроти Сите Свети како Ден на реформацијата, ден кога се одбележува протестантската реформација, заедно со ноќта спроти Сите Свети или независно од неа. Често, се слават и "празникот на жетвата" или "Денот на реформацијата", кога децата се облекуваат како Ликови од Библијата или Реформатори.
Отец Gabriele Amorth, истерувач на ѓаволот во Рим, вели, "ако децата во Англија и Америка сакаат да се облекуваат како вештерки и ѓаволи таа една но во годината, тоа не е проблем. Доколку тоа е само игра, нема ништо лошо во тоа." Последниве години, Римокатоличките надбискупии од бостон организираа "Свет празник" на Ноќта на вештерките. Слично, многу современи Протестантски цркви на Ноќта на вештерките гледаат како на забавен настан за деца, одржуваат прослави во своите цркви каде децата и нивните родители можат да се маскираат, играат игри и да добијат бесплатни колачиња. Многу христијани на овој празник не му припишуваат никакво негативно значење, третирајќи го како забавен настан посветен на "имагинарни призраци/сеништа" и делење колачиња. За овие христијани, Ноќта на вештерките не крие никаква закана по духовниот живот на децата: да се учи за смртта и смртноста, и обичаите на келтските предци претставува вредна лекција и дел наследството на многу членови на нивната парохија. Римокатоличката црква понекогаш ги истакнува христијанските врски на празникот Ноќта на вештерките, а прославата на овој празник е вообичаена во католичките парохиски училишта низ цела Северна Америка и во Ирска.
Некои христијани чувствуваат загриженост за модерниот начин на кој се слави Ноќта на вештерките, и го одбиваат затоа што сметаат дека станал тривијален - или прославува - паганство, окултност, или други обичаи и културни феномени кои ги сметаат за некомпатибилни со нивните верувања. Како одговор некои фундаменталисти и конзервативни евангелистички цркви последниве години користат "Куќата на пеколот", тематски памфлети, или комични трактати како оние од Jack T. Chick со цел да ја искористат популарноста на Ноќта на вештерките како шанса за евангелизмот. Некои сметаат дека Ноќта на вештерките е празник целосно некомпатибилен со христијанската вера и веруваат дека потекнува од паганскиот "Празник на мртвите".
Паганство
Келтските неопагани сметаат дека времето кога се слави овој празник е свето време. келтските реконструкционисти, како и други кои ги одржуваат обичаите на предците, им нудат жртви/дарови на боговите и предците.
Ноќта на вештерките како мотив во популарната култура
„Ноќ на вештерките“ (англиски: Halloween) — песна на американската панк-рок група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1982 година.[2]
„Ноќ на вештерките“ (англиски: Halloween) — песна на американската панк-рок група Мисфитс (The Misfits) од 1985 година.[3]
„Парада за Ноќта на вештерските“ (англиски: Halloween Parade) — песна на американсиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1989 година.[4]
„Ноќ на вештерките“ (англиски: Halloween) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1985 година.[5]
Muralla medieval de Oviedo Bien de Interés Cultural Fragmento de la Muralla de Oviedo en la Calle Paraíso.LocalizaciónPaís España EspañaComunidad Asturias AsturiasUbicación OviedoCoordenadas 43°21′45″N 5°50′29″O / 43.36243333, -5.84134722Información generalUsos MurallaDeclaración 3 de junio de 1931Código RI-51-0000786Parte de Ruta Jacobea PrimitivaInicio Siglo XIIIDemolido Siglo XVIII-XX (parcialmente)[editar datos en Wikidata]...
Marx-Engels-Forum pada 1986, dengan latar belakang Palast der Republik dan Berliner Dom. Patung Karl Marx (paling depan) dan Friedrich Engels di Marx-Engels-Forum. Pada latar belakang, terlihat kubah Berliner Dom Marx-Engels-Forum adalah sebuah taman publik di tengah distrik Mitte di Berlin, ibu kota Jerman. Tempat tersebut mengambil nama dari Karl Marx dan Friedrich Engels, para pengarang dari The Communist Manifesto pada 1848 dan diakui sebagai dua tokoh paling berpengaruh dalam gerakan sos...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (ديسمبر 2021) بالنت سابو معلومات شخصية الميلاد 18 يناير 2001 (العمر 22 سنة)سيكشفهيرفار الطول 1.79 م (5 قدم 10 1⁄2 بوصة) مركز اللعب وسط الجنسية المجر معلومات الن...
Ki Hiur Klasifikasi ilmiah Kerajaan: Plantae (tanpa takson): Angiospermae (tanpa takson): Eudikotil (tanpa takson): Rosidae Ordo: Fagales Famili: Fagaceae Genus: Castanopsis Spesies: C. cuspidata Nama binomial Castanopsis cuspidata(Thunb.) Schottky Sinonim Pasania cuspidata (Thunb.) Oerst. Pasaniopsis cuspidata (Thunb.) Kudô Quercus cuspidata Thunb. Ki hiur atau Castanopsis javanica (Bl.) A. DC.[1] termasuk dalam suku Fagaceae.[1] Pohonnya dapat mencapai tinggi 40 m dan ...
Colima Plaats in Mexico Situering Deelstaat Colima Gemeente Colima Coördinaten 19° 14′ NB, 103° 43′ WL Algemeen Inwoners 123.597 (2005) Hoogte 500 m Politiek Gesticht 20 januari 1527 Overig Tijdzone UTC−6 Website colima.gob.mx Foto's Portaal Mexico Colima is de hoofdstad en tevens belangrijkste stad van de Mexicaanse staat Colima. Colima heeft 123.597 inwoners (census 2005) en is de hoofdplaats van de gemeente Colima. De stad werd in 1527 door Gonzalo de Sandoval...
Pour les articles homonymes, voir Limbo. Cet article est une ébauche concernant le jeu vidéo. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) (voir l’aide à la rédaction). LimboDéveloppeur PlaydeadÉditeur Microsoft Game Studios (XBLA)Playdead (PSN, Windows, OS X, iOS, Android)Réalisateur Arnt JensenCompositeur Martin Stig AndersenDate de sortie INT : 21 juillet 2010 Autres supports : 20 juillet 2011 (PS3)2 août 2011 (PC)21 décembre 2011 (Mac)5 j...
هذه المقالة يتيمة إذ تصل إليها مقالات أخرى قليلة جدًا. فضلًا، ساعد بإضافة وصلة إليها في مقالات متعلقة بها. (يناير 2020) هذِهِ قائمة الملاعب الرياضية في المملكة العربية السعودية. الرِّيّاض #. المَلعب صُورة تاريخ الافتِتَاح الطَّاقَة الاستيعابِية مُلاحظات 1 استاد الملك فهد الد...
River in Sichuan and Chongqing, China This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Fu River Sichuan – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (October 2013) (Learn how and when to remove this template message) For the village, see Fujiang Village. For the province, see Fujian. Fu River, or Fu Jiang (Chinese: 涪
CSS, Content Scramble System — система захисту цифрового медіаконтенту на DVD-носіях. Система вкрай нестійка до злому. Через обмеження на експорт криптографічних технологій із США довжина ключа шифрування обмежена 40 бітами, що вкрай мало. Більше того, через знайдену уразливість ефекти
1952 film by Tay Garnett One Minute to ZeroOriginal film posterDirected byTay GarnettWritten byWilliam Wister HainesMilton KrimsProduced byEdmund GraingerHoward HughesStarringRobert MitchumAnn BlythCharles McGraw William TalmanCinematographyWilliam E. SnyderEdited byRobert BelcherMusic byVictor YoungProductioncompanyRKO PicturesDistributed byRKO PicturesRelease date July 21, 1952 (1952-07-21) (US)[1] Running time105 minutesCountryUnited StatesBudget$2,181,000[2&...
Nagoya 名古屋Kota terpilih名古屋市 · Kota Nagoya[1]Dari kiri atas: Pelabuhan Nagoya, Higashiyama Zoo and Botanical Gardens, Nagoya Tengah, Kastil Nagoya, Menara TV Nagoya Bendera[[Nagoya|]]Lokasi Nagoya di AichiNegaraJepangRegionChūbuPrefekturAichiPemerintahan • Wali kotaTakashi KawamuraLuas • Kota terpilih326,43 km2 (12,604 sq mi)Populasi (1 Agustus 2011) • Kota terpilih2.266.249 (3rd) • Metropolitan8.923.44...
يفتقر محتوى هذه المقالة إلى الاستشهاد بمصادر. فضلاً، ساهم في تطوير هذه المقالة من خلال إضافة مصادر موثوق بها. أي معلومات غير موثقة يمكن التشكيك بها وإزالتها. (نوفمبر 2019) كأس رابطة الدول المستقلة 1994 تفاصيل الموسم كأس رابطة الدول المستقلة النسخة 2 البلد لاتفيا التار...
American multinational music recording company For the Japanese operations using this name, see Sony Music Entertainment Japan. Sony Music EntertainmentLogo used since 2023SME's headquarters at 25 Madison Avenue, New York City.FormerlyAmerican Record Corporation (1929–1938)Columbia Records, USA (1938–1966)CBS Records (1966–1991)Sony Music Entertainment Inc. (first incarnation; 1991–2004)Sony BMG Music Entertainment (2004–2008)TypeSubsidiary (formerly incorporated as a General partne...
Esta página cita fontes, mas que não cobrem todo o conteúdo. Ajude a inserir referências. Conteúdo não verificável pode ser removido.—Encontre fontes: ABW • CAPES • Google (N • L • A) (Dezembro de 2019) Óxido nítrico sintase Indicadores Número EC 1.14.13.39 Número CAS 125978-95-2-- Bases de dados IntEnz IntEnz BRENDA BRENDA ExPASy NiceZyme KEGG KEGG MetaCyc via metabólica PRIAM PRIAM Estruturas PDB RCSB PDB PDBe PDB...
Japanese manga magazine Manga Time JumboCover of August 2008 issue.CategoriesSeinen manga[1]FrequencyMonthlyFirst issueApril 1995Final issueApril 2018[2]CompanyHōbunshaCountryJapanBased inTokyoLanguageJapaneseWebsiteOfficial site[dead link] Manga Time Jumbo (まんがタイムジャンボ, Manga Taimu Janbo) was a Japanese monthly yonkoma seinen manga magazine published by Hōbunsha from April 1995 to April 2018.[2] The magazine was published in the 1990s as M...
Coordenadas: 51°08'35.00N 16°56'32.00E Estádio Municipal de Wroclaw Nome Estádio Municipal de Breslávia Características Local Breslávia, Polônia Gramado Grama natural (105 x 68 m) Capacidade 44.416 Construção Data 2009-2011 Custo ~PLN 729,7 milhões Inauguração Data 28 de setembro de 2011 (12 anos) Partida inaugural Śląsk Wrocław 1x0 Lechia Gdańsk Primeiro gol Johan Voskamp (Śląsk) Recordes Público recorde 40.917 Data recorde 25 de novembro de 2011 Partida com mais...
Overview of the several proving grounds of General Motors General Motors operates several proving grounds. North America Desert Proving Ground Yuma 32°55′11″N 114°19′24″W / 32.919818°N 114.323366°W / 32.919818; -114.323366 General Motors Desert Proving Ground in Yuma County, ArizonaDesert Proving Ground Yuma is a facility co-built and leased by General Motors located within the US Army's Yuma Proving Ground, near Yuma, Arizona. The facility came fully onlin...
San Antonio-class amphibious transport dock For other ships with the same name, see USS Harrisburg. USS Harrisburg (LPD-30) Harrisburg's sister ships USS San Antonio and USS New York History United States NameHarrisburg NamesakeHarrisburg Awarded26 March 2019 BuilderIngalls Shipbuilding Laid down28 January 2022[1][2] Sponsored byAlexandra Curry IdentificationPennant number: LPD-30 StatusUnder construction General characteristics Class and typeSan Antonio-class am...