Народната носија од Овче Поле се надоврзува на носијата од Бабуна со сличен облековен состав, но со одредени разлики во оформувањето и украсувањето на одделните облеки. [1]
Женска носија
Во женската носија кошулите се од бело домашно платно, со разнобојни пругасти шарки означени со народниот назив кенари, а на ракавите има разнобојни украсни тантели оји. Елекот, со широк ѕвонест долен дел, поетавен е со дебело конопно платно и со прошиени конци, и сиот е малку набран. Украсни оји се застапени и на другите делови на носијата. Околу половината се опашува тесно, декоративно, орнаментирано појасче - ѕуница и скутина - крпа, со вткаени пругасти и ситни геометриски шарки. [1]
Женска носија - периодизација, трансформација и губење[2]
Платнените облеки во машката носија се од тенко платно кенарлија со кусо безракавно елече, преклопено на градите, ткаен, пругасто шарен, волнен појас, а машката скутина вута е со тесни црно бели пруги и ситни геометриски шарки на долниот дел. Носијата е дополнета со повеќе ткаени крпи бришалки што се носат на појасот, префрлени преку рамењата и на главата.
Специјална овчарска наметка е кунтеш од светлосива валана волнена ткаенина, со украсни црни гајтани и кожув од штавена овча кожа. Овие два вида облеки, отпорни на студ и влага, - придружувајќи го овчарот, биле постојан состав на носијата на сточарот како облеки, но во исто време и како постилачи и покривачи при спиење на отворено, па оттаму и констатацијата на народот - ,,овчар без кунтеш и кожув е како без куќа". [1]
Машка носија - периодизација, трансформација и губење[2]
Облека, облековен дел, украс
средина на XIX век
крај на XIX век
почеток на XX век
период меѓу двете војни
средина на XX век
кошули
тоска
+
+
+
+
+
ајта
+
+
+
-
-
кратко кошулче
+
+
+
+
+
гаќи
+
+
+
+
+
ѕиври
+
+
+
-
-
литарки
+
+
+
-
-
појас
+
+
+
+
+
бришалки
+
+
+
+
+
вута
+
+
+
+
+
елече
+
+
+
+
+
долама
+
+
+
-
-
кожуф
+
+
+
+
-
кунтеш
+
+
+
+
-
накит
ќустек
?
?
+
+
+
танче
?
?
+
+
+
капи
фес
+
+
+
-
-
комитска капа
-
+
+
-
-
капа со стреа
-
-
-
+
+
чорапи колести
+
+
+
-
-
подвески
ткаени
+
+
+
-
-
монистрени
-
-
+
+
+
опинци
+
+
+
+
+
емении
+
+
-
-
-
Детска носија
Носијата кај женските деца се состои од: кошулче, елече, ѕуница и мало пешкирче, додека машките носат: гаќи, кошулче тоска, елече, појас, дури и колести чорапи. [2]
Наводи
↑ 1,01,11,2Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 153 и 154. ISBN9989-649-25-1.