Нов Малград (грчки: Νέα Μάλγαρα, Неја Малгара) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.218 жители (2021).
Географија
Селото се наоѓа во областа Вардарија на Солунското Поле, 17 км западно од Солун и веднаш западно од македонското село Јунчии со кое денес е споено.[2]
Историја
Населбата е основана во 1909 г. под името Кокмус за муслимани-бегалци од Босна која била неодамна пропоена кон Австроунгарија. Во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор и во него се доселиле две грчки семејства од источнотракиското гратче Малград (грч. Малгара, тур. Малкара) кое останало во Турција, а властите го нарекле местото Нов Малград (Неја Малгара) во чест на нивното родно место. Во 1913 г. во селото имало 501 жител, а во 1920 г. населението броело 484 жители.[2] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор бошњачкото население е иселено во Турција како муслиманско, а на негово место властите доселиле 249 семејства грчки колонисти, од кои 239 од Источна Тракија, 4 од Мала Азија и 6 од Бугарија.[2] Во 1928 г. Нова Малгара станала наполно дојденско село со 283 семејства од вкупно 1.214 жители.[3]
Благодарение на исклучително плодното земјиште потпомогнато од зафатите за мелиорација и наводнување, како и близината до Солун, селото почнало доживеало голем растеж. Во 1940 г. населението достигнало 1.912 жители, кои во 1951 г. се зголемиле на 1.981, а во 1961 г. на 2.061. На пописот во 1971 г. е забележан мал пад на 1.986 жители, но во 1981 г. населението се накачило на 2.248, а во 1991 г. — на 2.349 лица.[2] Во 2001 г. во Нов Малград се попишани 2.443 лица, а во 2011 населението достигнало 2.404 жители.
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
|
1940
|
1951
|
1961
|
1971
|
1981
|
1991
|
2001
|
2011
|
2021
|
Население
|
1.912
|
1.981
|
2.061
|
1.986
|
2.248
|
2.349
|
2.443
|
2.404
|
2.218
|
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Во селото се произведуваат големи количества памук, овошје, жито и разни други земјоделски производи.
Поврзано
Наводи
Населени места во општината Делта |
---|
| ОЕ Вардар | |
---|
| ОЕ Ехедор 1 | |
---|
| ОЕ Кулакија | |
---|
| Историски | |
---|
| 1 Древно име на реката Галик. • 2 Новосоздадено место од босански, а потоа грчки доселеници во XX век |
|