Николај Андреевич Римски-Корсаков (руски: Никола́й Андре́евич Ри́мский-Ко́рсаков) (6 март (стар стил)/18 март (нов стил) 1844 – 8 јуни (стар стил)/21 јуни (нов стил) 1908) бил руски композитор, еден од петте руски композитори познати како руската петорка, кој подоцна бил учител по хармонија и инструментација. Тој е најпознат по своето дело насловено Бумбаров лет.