Првично започнал со планински велосипедизам и ја претставувал Австралија на две светски првенства. Меѓутоа, во 2009 година Хас се префрлил на друмски трки.
Пратис (2009–2011)
Во 2011 година, откако тој и колегата од Џенезис Велт АдвајзерсСтил фон Хоф доминирале на австралиските домашни национални друмски серии, Хас ја освоил Хералд Сан Тур 2011,[3] трка на која возеле голем број на UCI World Tour екипи.[4] Откако се нашол на добро место во бегството од шест члена на првата етапа, Хас завршил втор на клучната четврта етапа, победувајќи го предводникот во генералниот пласман и австралискиот друмски првак Џек Бобриџ (Гармин-Сервело). Хас победил на Јапонскиот куп 2011,[5] трка на која исто така настапиле голем број на екипи и чии претходни победници биле Клаудио Кјапучи, Дамијано Кунего и Џилберто Симони. По неговата победа, Хас потпишал со Гармин-Баракуда.[1][6][7][8]
Гармин-Баракуда (2012–2015)
По неговото доаѓање во Гармин, Хас се преселил во Жирона, Шпанија.[1] Меѓутоа, Хас не успеал да победи на ниедна поединечна професионална трка во првата година, во која се соочил со многу рани од седиштето.[9] Сепак успеал да заврши втор зад Џонатан Тирнан-Локе (Ендура Рејсинг) на Трката околу Британија 2012.[10] Во текот на сезоната 2013, Хас завршил шести во генералниот пласман на Тур де Лангкави,[11] и ја завршил својата прва голема трка, Џиро д’Италија.[12] Додека возел на Тур Даун Андер 2014, Хас ги заработил првите бодови за Светската турнеја,[13] пред да ја заврши трката на петтото место.[14]
Есента 2015 година, екипата Тим Дименжн Дата објавила дека Хас потпишал со нив за сезоната 2016, приклучувајќи му се на поранешниот колега Тајлер Фарар.[16]
Тим Катјуша-Алпесин (2018–2019)
Во февруари 2018 година, Хас ја освоил втората етапа на Трката околу Оман во спринтерска завршница на нагорнина и ја презел водечката маичка.[17] Тоа му било прва победа од 2016 година и негова прва за Катјуша-Алпесин. Завршил петти во генералниот пласман на трката, освојувајќи го бодовниот пласман. Исто така имал место на подиумот на Трката околу Турција.[18]