Началник на Генералштабот на АРМ е функција која ја врши лицето кое стои на чело на Генералштабот на АРМ. Ваквата функција ја извршуваат воени лица со генералски чин. Досега има 11 началници. Прв началник по осамостојувањето е Митре Арсовски, назначен во 1992, а тековен началник е генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски, назначен во 2018 година. Досега најратко служел Панде Петровски, само околу 3 месеци, а најдолго Мирослав Стојановски, околу 6 години.