41°31′0.84″N 21°16′18.84″E / 41.5169000°N 21.2719000°E / 41.5169000; 21.2719000
Музеј на македонската борба (грчки: Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα) — музеј во Костур, Егејска Македонија. Посветен е на грчката вооружена пропаганда во Македонија, наречена „Борба за Македонија“ и припојувањето на Егејска Македонија кон територијата на Грција по крајот на Балканските војни.
Музејот е отворен на 23 мај 2010 година и се наоѓа во куќата на револуционерот Анастасиос Пихеон, изградена во XIX век на централниот плоштад во маалото Долца и е прогласена од Министерството за култура и туризам на Грција како споменик со голема историска вредност.[1] Музејот е под раководство на организацијата „Пријатели на Музејот на македонската борба“.[2]