Во поедноставни ситуации, како стандард се зема средниот водостој помеѓу плимата и осеката на некое место.[1]
Морското ниво го засегаат повеќе чинители и истото се разликувало во различни геолошките периоди. Така, внимателното мерење на морското ниво претставува важен показател за климатските промени и неговото покачување се наведува како доказ за глобално затоплување.[2]
Поимот надморска висина најчесто се однесува на средна/просечна надморска висина (С.Н.В или П.Н.В) и се изразува во метри (М.Н.В)
Средно морско ниво
Средното морско ниво (СМН) обично се дефинира како просечно релативно морско ниво во некој временски период, како што е месец или година, доволно долг за да може да се изведе просек од непостојаните вредности какви што се брановите.[3]
Пораст на средното морско ниво
Евстатскиот пораст на морското ниво е промена во глобалното средно морско ниво поради промената на зафатнината на светскиот океан. Релативниот пораст на морското ниво се јавува онаму каде што постои нето-пораст нивото на океанот во однос на месните движења на копното[3]. Творците на климатските модели главно се задржуваат на процената на евстатската промена на морското ниво. Истражувачите на влијанијата главно се осврнуваат на релативната промена на морското ниво.