Сѐ до формирањето на Шкотскиот парламент и шкотска влада, службата-претходник на Министерството за Шкотска, наречена Scottish Office, била големо британско министерство кое се занимавало со највеќето локални работи при управувањето на Шкотска - позиција наречена „административна деволуција“. Деволуцијата ја ограничила јурисдикцијата на оваа институција на резервирани работи со кои не се занимаваат други министерства на британската влада. Оваа институција, заедно со Министерството за Велс (Wales Office), била преземена од Министерството за правда. Државниот секретар за Шкотска исто така има извесни моќи на надгледување на работењето на Шкотскиот парламент согласно законот Акт за Шкотска 1998.
Функцијата Државен секретар за Шкотска продолжува и понатаму да постои, меѓутоа во последно време функцијата се извршува заедно со друго државно секретарство од страна на член на Кабинетот, иако моментално ова не е случај.
Министерството е сместено во Доверската куќа, во централниот реон Вајтхол во Лондон, и има околу 40 постојано вработени лица. Доверската куќа служи и како база за персоналот од Владата на Шкотска во Лондон.
Министерството има и служба сместена на улицата Мелвил Кресент во Единбург. Генералниот адвокат, како државен правен функционер, исто така има канцеларија во Единбург.
Наводи
The Scottish Secretaries, David Torrance. (Birlinn 2006)