Милан - Јувентус 1-6 (Серија А 1996-1997)

Матична статија: Дерби Јувентус-Милан.

Милан - Јувентус 1-6
ПрвенствоСерија А 1996-1997
Датум6 април 1997
СтадионСан Сиро, Милано, Италија
СудијаСтефано Браски
Гледачи81.700

Вториот натпревар во Серија А во сезоната 1996-1997 помеѓу славните италијански фудбалски клубови Милан и Јувентус, бил одигран на Сан Сиро во Милано на 6 април 1997 во рамките на 26-тото коло од првенството.[1] Јувентус го добил овој натпревар како гостин со убедливи 6-1, нанесувајќи му го на својот соперник еден од најтешките порази на негов терен во Серија А, од кога е уведено новото правило за секоја победа да се добиваат по три бода. Интересно е дека ова била најубедливата победа на Јувентус на гостински терен во Серија А во оваа сезона, но не и единствената таква во сезоната бидејќи претходно во Суперкупот на Европа тие со истиот резултат го совладале и францускиот Париз Сен Жермен на Паркот на принцовите.

Милан одиграл една разочарувачка сезона во која накрајот завршиле како 11-ти во првенството, а претходно испаднале уште во групната фаза на Лигата на шампионите и во четвртфиналето на Купот на Италија. За разлика од нив Јувентус бил неприкосновен во Серија А и со скор од 17 победи, 14 нерешени и само 3 порази го освоил своето 24-то скудето во клупската историја. Покрај тоа, Јувентус ги освоил и Суперкупот на Европа и Интерконтиненталниот куп. Исто така Јувентус бил во финалето на Лигата на шампионите втора година по ред, но за разлика од претходната овојпат биле поразени од Борусија Дортмунд со 3-1.

Во првиот натпревар во Серија А за сезоната помеѓу овие два тима во есенскиот дел од првенството, Јувентус и Милан одиграле нерешено 0-0 во Торино.

Детали од натпреварот

Милан
Јувентус
Милан:
GK 1 Италија Себастијано Роси
DF 14 Холандија Михаел Рајзигер
DF 29 Италија Пјетро Вјерховод
DF 6 Италија Франко Барези
DF 3 Италија Паоло Малдини
MF 10 Југославија Дејан Савичевиќ
MF 8 Франција Марсел Десаи заменет 81'
MF 20 Хрватска Звонимир Бобан
MF 34 Шведска Јеспер Бломквист заменет 60'
FW 19 Франција Кристоф Дугари
FW 23 Италија Марко Симоне
Резерви:
GK 27 Италија Анџело Пагото
FW 18 Италија Роберто Баџо влегол во игра 60'
DF 2 Италија Мауро Тасоти влегол во игра 81'
DF 4 Италија Франческо Коко
DF 12 Југославија Миодраг Вукотиќ
MF 16 Италија Стефано Еранио
Тренер:
Италија Ариго Саки
Јувентус:
GK 1 Италија Анџело Перуци
DF 5 Италија Серџо Порини заменет 74'
DF 2 Италија Чиро Ферара
DF 13 Италија Марк Јулиано
DF 6 Португалија Димаш
MF 7 Италија Анџело Ди Ливио
MF 20 Италија Алесио Такинарди
MF 21 Франција Зинедин Зидан заменет 75'
MF 18 Србија и Црна Гора Владимир Југовиќ
FW 15 Италија Кристијан Виери
FW 9 Хрватска Ален Бокшиќ заменет 39'
Резерви:
GK 12 Италија Микеланџело Рампуља
FW 16 Италија Никола Аморузо влегол во игра 39'
DF 22 Италија Џанлука Песото влегол во игра 74'
MF 19 Италија Атилио Ломбардо влегол во игра 75'
DF 26 Италија Руди Николето
MF 28 Италија Ивано Трота
FW 39 Австралија Масимилијано Виери
Тренер:
Италија Марчело Липи

Судии на натпреварот

  • Асистент судија:
  • Четврти судија:

Правила на натпреварот

  • 90 минути игра.
  • Можен е секој резултат
  • Седум повикани резерви
  • Три можни замени.

Наводи

  1. „6 април 1997 : Milan-Juventus 1-6“. juventuslastoriasiamonoi. 6 април 2018. Посетено на 6 декември 2018.[мртва врска]

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!