Светско Првенство
|
Маскота/ти
|
Опис
|
Англија 1966
|
World Cup Willie
|
Лав, типичен симбол на Велика Британија, како носи дрес со знамето на Обединетото Кралство и зборовите „WORLD CUP“.
|
Мексико 1970
|
Juanito
|
Дете како носи дрес на Мексико и сомбреро (со зборовите "MEXICO 70"). Неговото име е деминутив од Хуан, често име во шпанскиот јазик.
|
Западна Германија 1974
|
Tip и Tap
|
Две деца како носат дресови на Западна Германија, со буквите (Weltmeisterschaft, Светско Првенство) и број 74.
|
Аргентина 1978
|
Gauchito
|
Дете како носи дрес на Аргентина. Неговата капа (со зборовите ARGENTINA '78), шал и камшик се типични за гаучосите.
|
Шпанија 1982
|
Naranjito
|
Портокал, типично овошје за Шпанија, како носи дрес на домаќинот. Името доаѓа од naranja, шпански за портокал, и деминитивната наставка "-ito".
|
Мексико 1986
|
Pique
|
Халапињо пиперка, одлика на мексиканската кујна, со мустаќи и сомбреро. Името доаѓа од picante, шпански за зачинета пиперка и сосови.
|
Италија 1990
|
Ciao
|
Цртана фигура на играч со глава - фудбалска топка и тело во 3 бои. Името е познат италијански поздрав.
|
САД 1994
|
Striker
|
Куче, како носи црвено, бело, син дрес со зборовите „USA 94“.
|
Франција 1998
|
Footix
|
Петел, типичен симбол на Франција, со зборовите „FRANCE 98“ на градите. Телото е најмногу сино, како дресот на земјата-домаќин, а името е скратеница од зборот фудбал („Foot“) и завршетокот „-ix“ од популарниот стрип Астерикс.
|
Кореја/Јапонија 2002
|
Ato, Kaz и Nik (The Spheriks)
|
Портокалови, виолетови и сини (соодветно) футуристички, компјутерски-создадени суштества. Членови се на тимот „Atmoball“ (измислен спорт сличен на фудбал), Ato е тренер додека Kaz и Nik се играчи. Трите поединечни имиња се избрани според предлози на корисници на Интернет и купувачи во McDonald's во земјите домаќини.
|
Германија 2006
|
Goleo VI Помошник: Pille
|
Лав како носи дрес на Германија со број 06 и фудбалска топка што зборува.
|
Јужна Африка 2010
|
Zakumi
|
Леопард со зелена коса кој носи дрес на кој пишува Јужна Африка 2010. Зелените и златните бои кај Закуми ги симболизираат фудбалските бои на Јужна Африка. Неговото име доаѓа од „ZA“, ISO 3166-1 кодот за Јужна Африка, и „куми“ што значи „десет“ на многу африкански јазици.
|