Марјан Додовски

Марјан Додовски (19 јуни 1966 во Скопје - 3 јануари 2022 во Скопје) — македонски политичар и поранешен министер за животна средина и просторно планирање.

Животопис

Образование:

Магистер на географски науки-туризмолог. Магистерски труд “Природното богатство на Република Македонија како услов за развој на туризмот” - Природно-Математички Факултет-Скопје на Институт за географија, насока Географски основи на планирањето на туризмот. - 2004 година

Професионален и политички ангажман

  • Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година
  • Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година
  • Член на Советот на Град Скопје. 2005 година
  • Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирање. Влада на РМ-1998-2002 година
  • Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро
  • Професор по географија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година
  • Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година
  • Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 - 1997 година
  • Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” - Скопје, 1994 година
  • Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;
  • Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.
  • Автор на книгата Дојранско Езеро Од агонија до живот

Партиски ангажман

  • Член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година;
  • Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ од февруари 2003 година;
  • Претседател на Комисија за животна средина, локална самоуправа и невладини организации
  • Регионален координатор на ИЕ 5 и ИЕ 3
  • Член на ИК на ВМРО-Народна Партија од 2004 година
  • Претседател на ВМРО-Народна партија, избран на 14 Конгрес на партијата кој се одржа на 23 октомври 2009 година во Скопје.
  • В.Д. претседател на ВМРО-Народна партија од 27 декември 2008 година. Избран на Седница на Централен Комитет на партијата во Штип.
  • Член на ВМРО-ДПМНЕ од 01.02.2012 година

Смрт

Додовски починал во Скопје поради компликации со коронавирусот на 2 јануари 2022 година.[1]

Наводи

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-01-21. Посетено на 2022-01-21.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!