Марко Ломиќ (роден на 13 септември 1983 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој настапувал на позицијата лев бек.
Клупска кариера
Марко Ломиќ започнал да игра фудбал во клубот Борац од Чачак, пред да премине во летото 2022 година во екипата на Железник. Тој ги поминал наредните три сезони во екипата на популарните Лавови на Железник, притоа освојувајќи го Купот на Србија и Црна Гора во 2005 година.
На 23 јуни 2005 година Марко Ломиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Партизан.[1][2] Тој го добил дресот со број 13, кој претходно го носел јужнокорејскиот младински репрезентативец Ким Чи-ву. Во наредните две сезони, Марко Ломиќ одиграл 50 првенствени натпревари и постигнал вкупно три гола за клубот. Во месец јуни 2007 година, тој заминал во екипата на ТуС Кобленц, склучувајќи тригодишен договор.[3]
На 31 август 2009 година, Марко Ломиќ повторно му се приклучил на составот на Партизан, напуштајќи го клубот на ТуС Кобленц откако двата клуба се договориле за неговиот трансфер.[4] Тој потпишал двегодишен договор со екипата од Белград и го добил дресот со број 11. Во својата повратна сезона, Марко Ломиќ одиграл 25 лигашки натпревари и остварил три погодоци овозможувајќи му на својот тим да ја освои титулата. Тој придонес за клубот му овозможил да влезе во најдобрите единаесет играчи на натпреварувањето.[5]
На 5 јули 2010 година, Ломиќ се преселил во екипата на Динамо од Москва, потпишувајќи тригодишен договор.[6] Тој одиграл вкупно 106 официјални натпревари и постигнал еден гол за клубот во наредните четири сезони. Во месец јули 2014 година, Марко потпишал двегодишен договор со екипата на Мордовија од Саранск.[7] Тој на 2 ноември 2014 година постигнал гол во победата од 2:1 од домашната лига над составот на Краснодар.
Репрезентација
Марко Ломиќ бил избран од тренерот Владимир Петровиќ во 18-члениот тим да ја претставува репрезентацијата на Србија и Црна Гора на Летните олимписки игри 2004 година. Се појавил на сите три групни натпревари: во поразот од 0:6 од репрезентацијта на Аргентина, во поразот со 1:5 од составот на Австралија и во поразот од 2:3 од селекцијата на Тунис. Со овие резултати неговата репрезентација ги завршила натпреварите уште во почетната групна фаза на тие олимписки игри.
Подоцна, Марко Ломиќ бил редовен член на државната репрезентација до 21 година и тоа за време на квалификациите за УЕФА првенството до 21 година во 2006 година. Тој, исто така, одиграл цели 90 минути на сите четири натпревари на селекцијата на Србија и Црна Гора на завршниот турнир на тоа европско првенство, каде што биле елиминирани во полуфиналето од репрезентацијта на Украина по изведување на пенали.
Во месец август 2006 година, Марко Ломиќ бил повикан во репрезентацијата на Србија од страна на тренерот Хавиер Клементе. Тоа бил првиот официјален натпревар на репрезентацијата на Србија како независна држава. Натпреварот бил против селекцијата на Чешка.[8][9] Поради повреда не можел да настапи на тој натпревар. Сепак, тој подоцна се појавил на еден неофицијален пријателски натпревар на 27 декември 2006 година и тоа против селекцијата на Баскија.[10]
На крајот, сепак Марко Ломиќ својот прв официјален натпревар за селекцијата на Србија го имал на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Јапонија. Тој натпревар се одиграл на 7 април 2010 година во градот Осака. Марко ги одиграл сите 90 минути. Иако тимот бил составен само со играчи од највисоката домашна лига, составот на Србија победил со резултат од 3:0.[11] Марко настапил и на натпреварот и шокантниот пораз од 1:3 на домашен терен од селекцијата на Естонија во квалификациите за УЕФА ЕВРО 2012. Тој натпревар се одиграл на 8 октомври 2010 година.[12]