Марко Крале и црна Арапина — македонска епска народна песна.
Содржина
Крале Марко заминува во обиколка на Скопје, а за време на неговото отсуство, во неговиот двор во Прилеп доаѓа Црна Арапина, кој ја граба неговата сопруга. Меѓутоа, самовилата Вела му кажува на Марко и тој го пречекува арапот во Тиквешкото Поле. Тие водат борба три дена и три ноќи, но никој не може да победи, па Марко предлага да ја продолжат борбата со голи раце. Кога почнува да ја губи силата, Марко ја моли самовилата за помош, а таа го советува да го извади скриеното ноже и да му ја пресече утробата на Арапот во која има девет змии. Марко ги убива змиите и така го победува Арапот, а потоа му ја сече главата. Потоа, насекаде се раширува веста за јунаштвото на Марко.[1]
Наводи
- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 52-55.