Мартело работи во Каракас во истражувачки центар приклучен на Дирекцијата за хидрологија и метеорологија на Министерството за животна средина и природни ресурси.[1] Екстремните временски настани се во фокусот на нејзината работа.
Поради нејзиното истражување, Мартело била назначена во Меѓувладиниот панел за климатски промени. Во 2007 година, како заменик-претседател на Работната група I: Физичка научна основа за климатските промени, таа била вклучена во создавањаето на Четвртиот извештај за проценка на IPCC.[2] На почетокот на 2007 година, таа беше сменета во IPCC од страна на д-р Миријам Дијаз, новиот назначен од Владата на Венецуела.[3]