Марија Конопницка

Марија Конопницка

Марија Станислава Конопницка (моминско Василовска), родена на 23 мај, 1842 [1] во Сувалки, починала на 8 октомври 1910 година во Лавов ) - полска поетеса и романописец од периодот на позитивизмот, литературен критичар, публицист и преведувач; една од најголемите писатели во историјата на полската литература [2][3] .

Биографија

Родната куќа на Марија Конопницка во Сувалки, сега музеј

Марија Конопницка е родена во Сувалки на 23 мај 1842 година. Нејзиниот татко, Јозеф Василовски, бил адвокат. НЕзјиното образование главо било домашно школување, како и една година (1855–56) во манастирот со сестрите на Евхаристиското поклонение во Варшава (Zespół klasztorny sakramentek w Warszawie).[4]

За прв пат како писателка се појавува со поемата „Во зимско утро[5] Подоцна стекнува голема популарност по објавувањето на нејзината песна Во планините (1876 година), која била пофалена од идниот нобеловец Хенрик Сиенкиевич[5]. Во 1862 година се омажила за Јарослав Конопницки. Заедно имале шест деца.[4][6] Но сепак ракот не бил среќен, бидејќи нејзиниот сопруг не ја одобрувал нејзината писателска кариера [7]. Во писмо до нејзината пријателка, таа се опишувала себеси како „птица затворена во кафез“ и дека „нема семејство“[7]. На крајот во 1878 година, во неофицијална разделба, таа го напуштила својот сопруг, ги земала своите деца со себе и се преселила во Варшава, каде можела да се посвети на пишување.[7][8]. Често патувала низ Европа, а нејзиното прво големо патување било во Италија во 1883 година. Периодот помеѓу 1890–1903 година ги поминала живеејќи во странство низ Европа[9]

Нејзиниот живот е опишуван како „бурен“, вклучувајќи вонбрачни романси, смртни случаи и ментални болести во семејството. Била блиска пријателка со полската поетеса од позитивистичкиот период Елиза Оржескова,[10] и сликарката и активистка Марија Дулебијанка (со која најверојатно биле во романтична врска)[11]. Се шпекулирало дека била бисексуалка или лезбејка (особено за однос со Дулебијанка[12]), иако ова не е соодветно истражено и оваа тема обично не се споменува во биографиите на Конопницка. Сепак последната желбата на Конопницка била да биде погребана заедно со Дулебијанка и двете жени се погребани заедно на гробиштата во Лавов, Украина.[13][14]

Покрај тоа што била активен писател, била и социјален активист, организирајќи и учествувајќи во протести против репресијата на етничките (пред се полските) и верските малцинства во Прусија.[15] Таа била вклучена и во активизмот за правата на жените[16].

Нејзиното книжевно дело во 1880-тите добило големо признание во Полска.[6] Во 1884 година почнала да пишува литература за деца, а во 1888 година дебитирала како прозаист за возрасни со Четири раскази Поради зголемената популарност на нејзините дела, во 1902 година, голем број полски активисти решиле да и оддадат почит. Со средства собрани од голем број организации и активисти и купиле куќа.[9] Со оглед на тоа дека Полска не била независна земја во тој период, и бидејќи нејзините дела биле политички непријатни за пруските и руските власти, локацијата на нејзиниот имот била избрана во потолерантниот австриски дел, на Полска.[11] Во 1903 година добила имот во Жарновиец, каде што пристигнала на 8 септември [9] Таму најчесто престојувала на лето, но сепак често патувала низ Европа во есен и зима.[17]

Починала во Лавов, Украина на 8 октомври 1910 година. Таму била погребана таму на гробиштата Личакив.

Марија Конопничка, портрет фотографија од 1980-тите. 19ти век
Куќата во Жарновиец, подарок од народот за Марија Конопничка

Литературен живот

Како почеток на нејзината кариера се смета нејзиното излагање во дневниот весник „ Кализанин “ во 1870 година во Калиш со поемата Во зимско утро објавена под псевдонимот „Марко“ [18][19] Ова нејзино дебитантско дело било одлично прифатено. Таа му посветила три песни на градот Калиш: две насловени Калиш (1888, 1907) и Мојот град (1897).

Портрет на Марија Конопницка, дрворез од Александар Регулски по цртеж од Јозеф Бухбиндер (1883)

Циклусот лирски песни Во планините бил објавен една година подоцна во „ Тигодник Илустровани “. Многу брзо нејзиното поетско творештво, исполнето со патриотизам и искрена лиричност, добило универзално признание. Првата книга поезија ја објавила во 1881 година, а следните биле објавени во 1883 година [20], 1887 [21], 1896 година.

Во периодот помеѓу 1884–1886 година била уредник на списанието за жени „ Зора[22] Обидувајќи се да ја радикализира неговата програма, таа наидува на критика и цензура, од конзервативното мислење. Соработувала со женскиот неделник Бршлен. Била исто и почесен член на Народното училишно друштво [23] .

Пишувала новели од раните 1880-ти до нејзината смрт. Се започнало со новинарското искуство на Конопницка кога го уредувала „Зора“. Првично инспирацијата ја црпела од делата на Прус и Оржескова, но потоа развила и свои идеи во областа на малите форми. Новелата Чад била објавена во 1893 година.

Марија Конопницка се занимавала и со книжевна критика. На почетокот во списанијата на „ Класје “, „Зора“, „ Полски Весник “, „ Варшавски Курир “, потоа и во многу други списанија. До 1890 година, преовладувале прегледи на текстови од современи полски и странски автори. Конопницка е позната по дел од нејзиниот опус во проза пишувана за деца. Детските дела на Конопницка објавени од 1884 година, предизвикувале сентименталност кај публиката и биле новост во оваа област на пишување.

Веќе како познат писател, Конопницка се навраќа на сеќавањата од детството поминати во Сувалки. Таа им посветила две дела: На гробишта и Анушиа. Околу 1890 година се појавуваат нови тематски интереси во поезијата на Конопницка, особено во делата од европската култура и новите начини на поврзување со традицијата.

Во 1908 година, во списанието „ Ѕвездата од Шчеќин “ (бр. 90 од 7 ноември) [24] Конопницка ја објавила Рота, песна која била кулминација на новинарската кампања на поетот против политиката на германизација за време на прускато ропство [25] . Во средината на ноември, делото било препечатено во краковскиот месечник „ Пржодовница “.

Делата на Конопницка содржеле протест против социјалната неправда и системот кој носи угнетување и штета. Нив ги карактеризира патриотизам, лиричност и сентименталност.

Конопницка соработувала со издавачки куќи, општествени организации, националниот печат , а исто така учествувала и на меѓународниот протест против прогонот на полските деца во Вржешнија (1901–1902). Учествувала во борбата за правата на жените, во акции за осуда на репресиите на пруските власти, помагајќи им на политичките и криминалните затвореници.

Поради својата работа била напаѓана од свештенството и свештеничките кругови. Бискупот Карол Ниџијалковски дури ја нарекувал паганка . Како плод на обвиненијата за незјиното богохулење напишала куплет:

Но, црниот крст
Стоеше неподвижен и мрачен на масата
како тивок олтар наспорти солзи
[26] .

Марија Конопницка била напаѓана и од уредникот на конзервативниот неделник Улога, целосно несвесно придонесувајќи за популарноста на авторката, поради што била многу свечено пречекана во Краков и Лавов [27] .

За време на германската окупација, сите нејзини дела биле ставени на германскиот список на проскрипција, третирани како штетни и непожелни, кои подоцна требало да бидат уништени [28] .

Смртта

Гробот на Марија Конопничка на гробиштата Личакив во Лавов

Марија Конопничка починала од пневмонија на 8 октомври 1910 година во санаториумот „Киселки“ во Лавов. Таа била погребана на 11 октомври 1910 година на гробиштата Личакив во Лавов, во Пантеонот на великаните на Лавов (втор кружен тек, 5-та авенија). Погребот го организирала Марија Дулебијанка, а бил проследен голем патриотска настан на која присуствувале речиси 50 000 луѓе. Поради забраната издадена од архиепископот Јозеф Билчевски, погребната церемонија се одржала без учество на свештенството и без планираниот говор на епископот Владислав Бандурски [29] . Гробната биста ја направела Луна Дрекслероуна [30], каде бил изгравиран фрагмент од песната на Конопницка На гробишта

. . . Побарајте од Бога такви гробови,
Каде нема солзи, нема поплаки, нема жалење,
Каде на срцата даваат моќ за дела, извор на сила
За ден на иднината.
. . [31]

Бистата на Конопницка била уништена за време на Втората светска војна, а подоцна реконструирана во повоениот период од украинскиот скулптор Володимир Сколоздра [32] .

Светопоглед

И покрај нејзината вера во Бог и честото повикување на него, Конопничка во исто време била противник на институцијата Католичка црква и немала најдобро мислење за Лав XIII [33] . Во писмото до ќерка си напишала: Ах, гнилост на овие свештеници! (12 февруари 1897 година) [33] . Ја изнервирала и религиозноста за шоу [33] .

Дела

Збирки на новели

  • Четири новели ( 1888 )
  • Моите пријатели ( 1890 )
  • На патот ( 1893 ) - ги содржи, меѓу другото, расказите Чад, Мендел Гдањски, Нашиот жад
  • Новели ( 1897 )
  • Луѓето и нештата ( 1898 ) - каде меѓудругите е и новелата Милоста на заедницата
  • На брегот на Нормандија

За деца

  • Како децата во Бронов си играа со Розалија (1885)
  • Песна за деца
  • За Јанек Ведроничек ( 1893 ) [34]
  • За џуџињата и сирачката Мерисија ( 1896 ) [34]
  • За бобинки ( 1903 )
  • Училишните авантури на Пимпуш Саделко (1905)
  • Што видело сонцето
  • Чад
  • Нашето гадење

Збирки песни

Песни (избор)

  • На едно зимско утро ( 1870 )
  • Калиш ( 1888 и 1907 г. )
  • За мене до градот ( 1897 )
  • Рота ( 1908 )
  • Стефан Бурчимуча
  • Бесплатно изнајмување
  • Наутро
  • Копнеж
  • Ноќ
  • Кригла
  • Не чекаше
  • Песна за домот [35]
  • Таму, во мојата земја, во далечната страна
  • Што видело сонцето

Поеми

Насловната страница на г-дин Балсер во Бразил (објавена 1910 година)
  • Г-дин Балсер во Бразил ( 1910 )
  • замисли

Преводи

Комеморација

Жителите на Сувалки организирале вечер посветена на нејзината работа каде започнале со собирање на средства за спомен плоча. Царските власти се во тој период се спротивставувале на оваа иницијатива. Допрва на 25-годишнината од нејзината смрт, на 8 октомври 1935 година, на ѕидот од куќата во која е родена поетесата била поставена спомен плочата. Во 2010 година, уште еден нејзин споменик бил подигнат во центарот на Сувалки [37] .

Музејот на Марија Конопницка во Жарновиец

Во февруари 1957 година започнало создавањето на Музејот на Марија Конопницка во Жарновиец. По извршените конзерваторски работи, на 15 септември 1960 година следело отворањето на музејот.

Нејзини споменици биле поставени во Варшава (во 1966 година), Калиш (1969), Бидгошч и Гдањск (1977).

Библиографија

  1. Akt urodzenia nr 296/1842 Архивирано на 6 јули 2022 г., parafia rzymskokatolicka w Suwałkach.
  2. Maria Konopnicka w serwisie Culture.pl.
  3. Maria Konopnicka. libernovus.pl.
  4. 4,0 4,1 Albińska, Karolina (2013). Nie taki diabeł straszny jak go malują? Literatura audialna w kontekście szans i zagrożeń dla rozwoju czytelnictwa współczesnej młodzieży. Wydawnictwo Uniwersytetu Łódzkiego. стр. 183–219.
  5. 5,0 5,1 Sobieraj, Tomasz (2012). „Konopnicka rediviva. Rec.: Lena Magnone, "Maria Konopnicka. Lustra i symptomy", Gdańsk 2011“. Pamiętnik Literacki (4). doi:10.18318/pl.2012.4.16. ISSN 0031-0514.
  6. Szypowska, Maria (1990). Konopnicka jakiej nie znamy (Wyd. 7. изд.). Warszawa: Wydawn. Spółdzielcze. ISBN 83-209-0761-6. OCLC 30753526.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Zakład Narodowy imienia Ossolińskich ZNIO“. Lexikon des gesamten Buchwesens Online. Посетено на 2022-12-19.
  8. „Konopnicka, Maria; Ps. Jan Sawa, Jan Waręż“. dx.doi.org. Посетено на 2022-12-19.
  9. 9,0 9,1 9,2 Krajewska, Maria (2017). „Listy Marii Konopnickiej do rodziny Majewskich w zbiorach Państwowego Muzeum Archeologicznego w Warszawie“. Napis. Pismo poświęcone literaturze okolicznościowej i użytkowej. 1 (1): 118–131. doi:10.18318/napis.2017.1.7. ISSN 1507-4153.
  10. Stauter-Halsted, Keely (2001). The nation in the village : the genesis of peasant national identity in Austrian Poland, 1848-1914. Ithaca [N.Y.] ISBN 978-1-5017-0224-2. OCLC 992798076.
  11. Ersoy, Ahmet; Górny, Maciej; Kechriotis, Vangelis (2010). Modernism : the creation of nation-states. Budapest: Central European University Press. ISBN 978-1-4416-8411-0. OCLC 699519530.
  12. Jagielski, Sebastian (2017). „Queerowy czas, queerowa przestrzeń“. Widok. Teorie i Praktyki Kultury Wizualnej (18). doi:10.36854/widok/2017.18.608. ISSN 2300-200X.
  13. Sobieraj, Tomasz (2012). „Konopnicka rediviva. Rec.: Lena Magnone, "Maria Konopnicka. Lustra i symptomy", Gdańsk 2011“. Pamiętnik Literacki (4). doi:10.18318/pl.2012.4.16. ISSN 0031-0514.
  14. Szwed, Anna (2013-07-01). „Prywatność w mediach – obraz polityka w tygodniku opinii „Wprost". Politeja. 10 (3(25)): 569–584. doi:10.12797/politeja.10.2013.25.33. ISSN 2391-6737.
  15. Sobieraj, Tomasz (2012). „Konopnicka rediviva. Rec.: Lena Magnone, "Maria Konopnicka. Lustra i symptomy", Gdańsk 2011“. Pamiętnik Literacki (4). doi:10.18318/pl.2012.4.16. ISSN 0031-0514.
  16. Pietrow-Ennker, Bianka (2004). Women's Emancipation Movements in the Nineteenth Century : a European Perspective. Palo Alto: Stanford University Press. ISBN 978-0-8047-6707-1. OCLC 923699729.
  17. Sobieraj, Tomasz (2012). „Konopnicka rediviva. Rec.: Lena Magnone, "Maria Konopnicka. Lustra i symptomy", Gdańsk 2011“. Pamiętnik Literacki (4). doi:10.18318/pl.2012.4.16. ISSN 0031-0514.
  18. „Debiut Konopnickiej“ (PDF) (полски) (63/2). 1972: 199–206. Наводот journal бара |journal= (help)
  19. Literatura polska. Przewodnik encyklopedyczny. 1. Warszawa: Państwowe Wydawnictwo Naukowe. стр. 412. ISBN 83-01-05368-2.
  20. Poezye. Serya druga, Warszawa Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  21. Poezye. Serya trzecia, Warszawa Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  22. „Świt” Marii Konopnickiej. Zarys monograficzny tygodnika dla kobiet, Wrocław, 1978 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  23. Sprawozdanie z działalności Towarzystwa Szkoły Ludowej za rok 1912. Kraków. 1913. стр. LXXIII.
  24. Gwiazdka Cieszyńska, nr 90 (7 listopada 1908 r.)
  25. Literatura polska. Przewodnik encyklopedyczny. 2. Warszawa: Państwowe Wydawnictwo Naukowe. стр. 310. ISBN 83-01-05369-0.
  26. Roman Warecki, Ołtarz i tron. Warszawa 1966, s. 88–90.
  27. Iwona Kienzler, Maria Konopnicka rozwydrzona bezbożnica. Bellona Warszawa 2015, s. 226.
  28. Praca zbiorowa, Upominki od narodu. Jubileusze, rocznice, obchody pisarzy, Żarnowiec 2010, s. 291–292.
  29. Iwona Kienzler, Maria Konopnicka rozwydrzona bezbożnica. Warszawa 2015, s. 239.
  30. „Kronika“. nr 300 z 8 listopada 1933: 7. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  31. Ilustrowany przewodnik po cmentarzu Łyczakowskim. Lwów. 1937. стр. 64.
  32. Magia Lwowa (полски)
  33. 33,0 33,1 33,2 Homobiografie, Warszawa: Krytyka Polityczna, 2014 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  34. 34,0 34,1 „Maria Konopnicka“ (полски).
  35. Poezye w nowym układzie. 3, Pieśni i piosenki, wyd. 1903 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  36. „„Fatalità" i „Tempeste" Ady Negri w przekładzie Marii Konopnickiej“. 24: 111–127. doi:10.4467/16891864PC.11.006.0205. ISSN 1425-6851. Наводот journal бара |journal= (help)
  37. https://web.archive.org/web/20130413151003/http://m.onet.pl/wiadomosci/kraj,2chpc.

Read other articles:

Dit is een (onvolledige) chronologische lijst van beelden in Soest. Onder een beeld wordt hier verstaan elk driedimensionaal kunstwerk in de openbare ruimte van de Nederlandse gemeente Soest, waarbij beeld wordt gebruikt als verzamelbegrip voor sculpturen, standbeelden, installaties, gedenktekens en overige beeldhouwwerken. Geplaatst Omschrijving Kunstenaar Straat Plaats Materiaal Afbeelding 1853 Heilige Paulus, Heilige Petrus en Christus Salvador Kerkplein Soest 1868 Vlucht uit Egypte Bleijs...

 

Cet article est une ébauche concernant un acteur allemand et l’humour. Vous pouvez partager vos connaissances en l’améliorant (comment ?) selon les conventions filmographiques. Si ce bandeau n'est plus pertinent, retirez-le. Cliquez ici pour en savoir plus. Cet article ne cite pas suffisamment ses sources (novembre 2012). Si vous disposez d'ouvrages ou d'articles de référence ou si vous connaissez des sites web de qualité traitant du thème abordé ici, merci de compléter l'art...

 

注音輸入法中文輸入法發明人不明發明年份不明類別中文注音查论编 注音輸入法,是一種以注音符號來輸入漢字的中文輸入法。由於中華民國國民小學基礎教育教授注音符號作為中文拼字方法,所以只要知曉該字的發音,就能以此輸入法輸入文字。在台灣為最普遍的中文輸入法之一。 相對應之英語QWERTY鍵盤輸入方式有時會便被作暗號使用。 優點與缺點 採用注音作為輸入法的

Computer system for manipulating audio An audio production facility at An-Najah National University Audio editing software is any software or computer program which allows editing and generating audio data.[1] Audio editing software can be implemented completely or partly as a library, as a computer application, as a web application, or as a loadable kernel module. Wave editors are digital audio editors. There are many sources of software available to perform this function. Most can e...

 

Failed Icelandic commercial bank This article is about the Icelandic bank up to its failure in 2008. For current bank, see Landsbankinn. For the international school formerly known as Little Angels International School (with the acronym LAIS), see Musashi International School Tokyo. Landsbanki hfTypePrivate (2003-2008)Government-owned corporation (prior to 2003)IndustryBankingFoundedReykjavík, Iceland, 1885 (commenced operations on 1 July 1886)DefunctEntered into receivership 7 October 2008,...

 

2015 video game 2015 video gameDevil May Cry 4: Special EditionDeveloper(s)Capcom[a]Publisher(s)CapcomDirector(s)Hideaki ItsunoProducer(s)Hiroyuki KobayashiWriter(s)Bingo MorihashiComposer(s)Tetsuya ShibataKento HasegawaAkihiko NaritaSeriesDevil May CryEngineMT FrameworkPlatform(s)PlayStation 4WindowsXbox OneReleaseJP: June 18, 2015WW: June 23, 2015Genre(s)Action-adventure, hack and slashMode(s)Single-player Devil May Cry 4: Special Edition[b] is a 2015 action-adventure game d...

This article does not cite any sources. Please help improve this article by adding citations to reliable sources. Unsourced material may be challenged and removed.Find sources: Gaia Mägo de Oz album – news · newspapers · books · scholar · JSTOR (December 2009) (Learn how and when to remove this template message) 2003 studio album by Mägo de OzGaiaStudio album by Mägo de OzReleased8 Sep 2003GenreFolk metalLength72:25LabelLocomotive Music...

 

Artikel ini membutuhkan rujukan tambahan agar kualitasnya dapat dipastikan. Mohon bantu kami mengembangkan artikel ini dengan cara menambahkan rujukan ke sumber tepercaya. Pernyataan tak bersumber bisa saja dipertentangkan dan dihapus.Cari sumber: Samudra Record – berita · surat kabar · buku · cendekiawan · JSTOR (Juni 2017) PT Samudra Jaya Buana PakcaDidirikan2010 (pembentukan pertama) 2013 (pembentukan kedua)PendiriHidayati dkk.StatusBeroperasiDistri...

 

Radio station in Cuautla, Morelos XHCU-FMCuautla, Morelos, MexicoFrequency104.5 FMBrandingLa Bestia GruperaProgrammingFormatGruperaOwnershipOwnerGrupo Audiorama Comunicaciones(XHCU-FM, S.A. de C.V.)Sister stationsXHCM-FM, XHNG-FMHistoryFirst air dateApril 11, 1980 (concession)Call sign meaningCuautlaTechnical informationERP59.64 kW[1]LinksWebcastListen liveWebsiteaudiorama.mx XHCU-FM is a radio station on 104.5 FM in Cuautla, Morelos. It is owned by Grupo Audiorama Comunicaciones and ...

This article may need to be rewritten to comply with Wikipedia's quality standards. You can help. The talk page may contain suggestions. (December 2009) Abu Bakker QassimBorn (1969-05-13) May 13, 1969 (age 54)Ghulja, Xinjiang, ChinaDetained at GuantanamoISN283Charge(s)No charge (held in extrajudicial detention)StatusDetermined not to have been an enemy combatant after all. Transferred to an Albanian refugee camp. Abu Bakker Qassim is a Uyghur from China's western frontier, Xinjiang ...

 

This article may rely excessively on sources too closely associated with the subject, potentially preventing the article from being verifiable and neutral. Please help improve it by replacing them with more appropriate citations to reliable, independent, third-party sources. (March 2011) (Learn how and when to remove this template message) Illinois College of OptometryTypePrivate optometry collegeEstablished1941; 82 years ago (1941)PresidentMark ColipAdministrative staff48St...

 

Hospital in France Hospital in Paris, FranceRothschild Hospital, ParisHospital entrance on 5 rue SanterreGeographyLocation12th Arrondissement, Paris, FranceCoordinates48°50′36″N 2°23′54″E / 48.843214°N 2.398418°E / 48.843214; 2.398418OrganisationFundingPublic hospitalTypeGeneralHistoryOpenedmid-19th centuryLinksListsHospitals in France Rothschild Hospital is a hospital in the 12th arrondissement of Paris, operated by the Assistance Publique – Hôpitaux de...

44th season in franchise history 2019 Seattle Seahawks seasonOwnerEstate of Paul AllenGeneral managerJohn SchneiderHead coachPete CarrollHome fieldCenturyLink FieldResultsRecord11–5Division place2nd NFC WestPlayoff finishWon Wild Card Playoffs(at Eagles) 17–9Lost Divisional Playoffs(at Packers) 23–28Pro Bowlers 3 QB Russell WilsonLB Bobby WagnerCB Shaquill Griffin AP All-Pros 2 LB Bobby Wagner (1st team)QB Russell Wilson (2nd team) Uniform ← 2018 Seahawks seasons 2020...

 

Este artículo o sección necesita referencias que aparezcan en una publicación acreditada.Este aviso fue puesto el 15 de septiembre de 2020. Magnum, P.I. Serie de televisión Creado por Donald P. BellisarioGlen A. LarsonProtagonistas Tom SelleckJohn HillermanLarry ManettiRoger E. MosleyPaís de origen  Estados UnidosIdioma(s) original(es) inglésLanzamientoPrimera emisión 1980Última emisión 1988Enlaces externos Ver todos los créditos (IMDb) Ficha en IMDb[editar datos en Wikida...

 

Mike van Duinen Informasi pribadiNama lengkap Mike van DuinenTanggal lahir 06 November 1991 (umur 32)Tempat lahir Den Haag, BelandaTinggi 1,85 m (6 ft 1 in)Posisi bermain PenyerangInformasi klubKlub saat ini ADO Den HaagNomor 19Karier junior Die Haghe OLIVEO ADO Den HaagKarier senior*Tahun Tim Tampil (Gol)2011– ADO Den Haag 16 (3) * Penampilan dan gol di klub senior hanya dihitung dari liga domestik dan akurat per Desember 2011 Mike van Duinen (pengucapan bahasa Bel...

British-American entertainment company HIT Entertainment LimitedFormerlyHenson International Television (1982–1989)[1]Gainbase PLC (1989)HIT Communications PLC (1989–1992)HIT Entertainment PLC (1992–2005)[2]TypeSubsidiaryIndustryTelevision productionGenreEntertainmentChildren's programmingPredecessorsGullane EntertainmentLyrick StudiosFounded1982; 41 years ago (1982)FoundersJim HensonPeter OrtonSophie Turner LaingDefunct31 March 2016; 7 yea...

 

Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada April 2016. Artikel ini sebatang kara, artinya tidak ada artikel lain yang memiliki pranala balik ke halaman ini.Bantulah menambah pranala ke artikel ini dari artikel yang berhubungan atau coba peralatan pencari pranala.Tag ini diberikan pada Mei 2009. Uang murah (I...

 

German multimedia conglomerate Bauer Media GroupTrade nameBauer Media GroupNative nameHeinrich Bauer Verlag KGTypePrivate KommanditgesellschaftIndustryMediaFounded1875; 148 years ago (1875)HeadquartersHamburg, GermanyArea servedWorldwideKey peopleYvonne Bauer (CEO)Paul Keenan (COO)ProductsMulti-platform media: print, digital, radio, TV; print houses, logistics, distribution and marketing services, online comparison platforms, Marketing and Sales Services for SMERevenue€2.3...

State electoral district of Victoria, Australia Box HillVictoria—Legislative AssemblyLocation of Box Hill (dark green) in Greater MelbourneStateVictoriaCreated1945MPPaul HamerPartyLaborNamesakeSuburb of Box HillElectors48,260 (2022)Area29 km2 (11.2 sq mi)DemographicMetropolitan Electorates around Box Hill: Kew Bulleen Warrandyte Hawthorn Box Hill Ringwood Ashwood Ashwood Glen Waverley The electoral district of Box Hill is an electoral district of the Victorian Legislativ...

 

1907 Kingston upon Hull West by-election ← 1906 11 November 1907 Jan. 1910 →   Candidate Wilson Bartley Holmes Party Liberal Conservative Labour Popular vote 5,623 5,382 4,512 Percentage 36.2% 34.7% 29.1% MP before election Charles Wilson Liberal Subsequent MP Guy Wilson Liberal The 1907 Kingston upon Hull West by-election was a parliamentary by-election held in England for the House of Commons constituency of Kingston upon Hull West on 11 November 1907. The s...

 

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!