Марија Јаневска (Скопје, 29 август 1992)[1] — македонска писателка, блогерка, колумнистка и магистер по фармација.[2]
Животопис
Нејзиното основно образование го завршила во ОУ „11 Октомври“, како и во ОУ „Димитар Македонски“. Нејзиното средно образование во 2007 година го продолжила во скопската гимназија СУГС „Јосип Броз–Тито“, а по навршувањето во 2011 година, таа се запишала на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
Јаневска во 2012 отворила анонимен блог под псевдонимот Лајла Грејс каде почнала да објавува љубовни приказни и цитати, што потоа прераснало во издавање на нејзината прва книга во 2013 година.[3]
Нејзината мала кариера како писател се должи на кратки инспиративни автобиографски текстови (проза и поезија) како и колумни на неколку македонски мрежни места.
Творештво
- Белешките на Лајла Грејс (2013)[4]
- Карма (2014)
- Асистола (2020)
Наводи