Фармацевтски факултет - Скопје

Фармацевтски факултет - Скопје
Зградата на Фармацевтскиот факултет
Основан1977
Студенти903
МестоСкопје, Република Македонија
www.ff.ukim.edu.mk

Фармацевтскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје е прва јавна високо­образовна установа во Македонија која врши високообразовна, научна и приме­ну­вачка дејност од областа на фармацевтските науки.

Претставува највисока ­обра­зовна, научна и здравствена институција од областа на фармацијата во Република Македонија. Сместен е во центарот на Скопје во склоп на Клинички центар – Мајка Тереза (медицински универзитетски кампус) и се простира на вкупна површина од 3000 m2 во кои се сместени 5 институти,7 центри, 11 лаборатории, 4 предавални, е-библиотека и административен оддел.

Основање и постоење

Основан е во 1977 година, како резултат на извршените анализи и урврдениот дефицит на фармацевтски кадри во Република Македонија, а за потребите на здравствената дејност, фармацевтско-козметичката индустрија и другите општествени потреби. Одлуката за основање на факултетот е донесена на ден 4.4.1977 година од Универзитетскиот совет на Универзитетот „Кирил и Методиј”, кога е формирана и работната група од еминентни професори и стопански работници кои го изготвија елаборатот за општествено-економската оправданост за основање на Фармацевтски факултет и за отворање на студии по фармација во земјата. Факултетот официјално почнува со работа во ноември 1977 година кога е запишана првата генерација студенти. Првата струдиска програма беше во траење од четири години и по завршувањето се стекнуваше звање дипломиран фармацевт.

Во текот на 40-годишното постоење, Факултетот развил богата дејност во повеќе области, особено во наставно-образовната дејност, во научноистражувачката работа и во стручно-апликативната дејност.

Денес, наставно-образовниот процес на Факултетот, во додипломската настава се одвива во рамките на три студиски програми, петгодишни студии за стекнување звање магистер по фармација и тригодишни студии за дипломирани лабораториски биоинженери и дипломиран диететичар/диетотерапевт. Во постдипломската настава активни се 11 програми од втор циклус студии, 8 програми од специјалистички студии од областите на здравствените специјализации и една програма од трет циклус – докторски студии.Воспоставени се високи критериуми за квалитет и образовни стандарди во студиските програми, предметните содржини, методите на учење и трансфер на знаење, и евалуацијата на стекнатото знење и вештини, компарабилни со оние на врвните европски и светски институции од областа. Факултетот е членка на Европската асоцијација на факултетите по фармација, што му овозможува будно следење на новите трендови во фармацевтската едукација и вложување напори да се биде во чекор со времето и да се одговори на потребите од создавање квалификувани фармацевтски кадри, обучени и оспособени за работа во сите сфери на фармацевтската дејност, усогласено со Европската директива за признавање на квалификации на регулирани професии.

Студиски програми

На Фармацевтскиот факултет Скопје постојат следниве додипломски студиски програми:

  • магистер по фармација - интегрирани студии од прв и втор циклус во времетраење од 10 семестри
  • дипломиран лабораториски биоинжињер - во времетраење од 6 семестри
  • диететика и диетотерапија - во времетраење од 6 семестри

Декани

1981-1982

Проф. д-р Исак Таџер – декан Проф. д-р Ефтимија Главаш - продекан
1983-1985 Проф. д-р Ефтимија Главаш - декан
    1985-1994 Проф.д-р Стеван Бауер - продекан за фармација Во овој период факултетот беше организиран како Отсек за фармација при Медицинскиот факултет во Скопје
1994-1998 Проф. д-р Кирил Доревски – декан Проф. д-р Томислав Ристов – продекан Проф.д-р Љубица Шутуркова - продекан
1998-2004 Проф.д-р Љубица Шутуркова – декан Доц. д-р Светлана Кулеванова – продекан Доц. д-р Сузана Трајковиќ- Јолевска- продекан
2004 - 2008 Проф.д-р Светлана Кулеванова – декан Проф. д-р Анета Димитровска – продекан Проф. д-р Александар Димовски - продекан
2008 - 2013 Проф. д-р Александар Димовски – декан Доц. д-р Кристина Младеновска - продекан
2013 -   Проф.д-р Светлана Кулеванова – декан

Доц. д-р Зоран Стерјев - продекан


Институти

Зградата на Фармацевтскиот факултет

Во составот на факултетот функционираат следните институти:

  • Институт за фармацевтска хемија
    • Катедра за фармацевтска хемија
    • Катедра за биомолекуларни науки
    • Катедра за клиничка и социјална фармација
  • Институт за фармацевтска технологија
    • Катедра за фармацевтска технологија
    • Катедра за биофармација
  • Институт за фармакогнозија
    • Катедра за фитохемија
    • Катедра за фармакогнозија
    • Катедра за фармацевтска ботаника
  • Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
    • Катедра за неорганска хемија
    • Катедра за органска хемија
    • Катедра за аналитичка хемија
    • Катедра за инструментални методи
    • Катедра за аналитика на лекови
  • Институт за применета биохемија
    • Катедра за храна и исхрана
    • Катедра за токсикологија
    • Катедра за биохемија

Надворешни врски

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!