Лемина ја започнал својата професионална кариера во екипата на Лорјан. Своето деби за првиот тим го направил го направил на 22 јануари 2013, во шеснаесттина-финалето од Купот на Фрнција против Седан.[1] Својата прва сезона како професионалец ја завршил со вкупно 14 настапи, 10 во првенството и 4 во купот.
На почетокот на следната сезона, Лемина ги одиграл сите 4 првенствени натпревари на Лорјан за месец август, пред да го напушти клубот во последните часови од трансферниот прозорец.[2] Тренерот на Лорјан Кристијан Горкуф бил згрозен од неговото заминување изјавувајќи:"Клубот не може да зборува за амбиции кога ги продава своите најдобри играчи. Овој трансфер е само бизнис. Сакам луѓето да знаат дека не сум соучесник во оваа одлука. Јас претрпев. Некако, тоа е недостаток на почит кон мојата канцеларија, и моето минато во Лорјан."[3]
Олимпик Марсеј
На 2 септември 2013 година, во последните часови од трансферниот прозорецот, тој потпишал за Марсеј за сума од 4.000.000 €.[4]
На 24 септември, го направил своето деби во дресот на Олимпик во натпреварот против Сент Етјен, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Димитри Паје.
На 23 ноември 2014 година, тој го постигнал својот прв гол во својата професионална кариера, во победата со 3-1 над Бордо на асистенција на Паје.
Јувентус
На 31 август 2015 година му се приклучил на италијанскиотЈувентус на заем од една година, со право на откуп. Во договорот била вклучена и позајмица на играчите на Јувентус Маурисио Исла и Паоло де Чеље во Марсеј.[5] Дебитирал за бјанконерите во Серија А на 20 септември играјќи 76 минути како стартер во победата со 2-0 на гости против Џенова.[6] На 26-ти истиот месец го реализирал својот прв гол за торинскиот клуб, во поразот со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[7] На 3 ноември, дебитирал со Јувентус во Лигата на шампионите, влегувајќи на местото на Стефано Стураро во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах.[8] Во текот на истиот месец станал жртва на воспаление во коленото која го принудила да остане надвор од фудбалските терени во следните четири месеци.[9]
Лемина се вратил во акција на 2 март 2016 година, влегувајќи во игра од клупата за резерви на местото на Ернанес во 71-вата минута во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, во кој Јувентус и покрај поразот со 3-0 на гостувањето кај Интер се пласирал во финалето на турнирот по изведување на пенали.[10] На 6 март го постигнал вториот гол за сезоната, во гостинската победа над Аталанта со 2-0 во лигата.[11] На 25 април со Јувентус го освојува своето прво скудето во кариерата;[12] Четири дена подоцна, во знак на позитивната сезона на Лемина и покрај долгата пауза заради повреди, Јувентус го откупил целиот договор на играчот од Габон за 9,5 милиони евра.[13] На 21 мај 2016 година, го освоил Купот на Италија, играјќи го целиот натпревар во финалето и одиграл значајна улога во акцијата по која Алваро Мората го постигнал одлучувачкиот гол со кој бил победен Милан со 1-0 по продолженија.[14]
Саутхемптон
На 8 август 2017, Лемина потпишал петгодишен договор со англискиот Саутхемптон, откако клубот за трансферот на играчот му платил на Јувентус 17 милиони евра (плус 3 милиони во бонуси).[15] Со тоа станал најскапиот трансфер на светците во историјата на клубот.[16] Своето деби го направил на 20 август, во победата со 3-2 над Вест Хем Јунајтед.[17] Својот прв гол за Саутхемптон го постигнал во победата со 3–2 над Вест Бромвич Албион на 3 февруари 2018.[18]
Во јануари 2015 година, бил избран во 23-цата играчи што требало да ја претставуваат репрезентацијата на Габон на Африканскиот куп на нации 2015, но тој одбил да настапува, тврдејќи дека сè уште "нема договор" со земјата во која е роден.[19] На 2 јуни, тој најавил дека сака да ги брани боите на земјата на потекло на неговиот татко и одбрал да ја претставува репрезентацијата на Габон на сениорско ниво, иако имал можност да настапува и за Франција.[20] На 28 август истата година. тој бил повикан за првпат во репрезентацијата на Габон за квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации против Судан и пријателскиот натпревар против Замбија во септември.[21]. Дебитирал на 9 октомври 2015 во пријателски натпревар против Тунис што завршил 3-3 и притоа го постигнал својот прв погодок.
Во јануари 2017 бил повикан во репрезентацијата за Африканскиот куп на нации 2017 на кој неговиот Габон бил домаќин. Дебитирал на турнирот на 14 јануари во натпреварот против Гвинеја-Бисао што завршил 1-1, и со кој бил отворен првенството.[22]
Хронологија на репрезентативните настапи
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Габон