Јаја Саного (роден 27 јануари 1993) — француски професионален фудбалер кој игра за англискиот клуб од Премиер лигата, Чарлтон Атлетик, како позејмен играч од Арсенал, на позицијата напаѓач.
Тој ја претставувал Франција во селекциите до 16, до 17, до 19, до 20 и до 21 година.
Кариера
Осер
Откако неуспеал да заработи место во престижната Клерфонтејн академија, Саного му се приклучил на локалниот клуб Лес Улис, истиот клуб во кој како млад играл и се развивал легендата на францускиот фудбал Тјери Анри.[1] По една година во клубот, Саного го напуштил и дошол во академијата на Осер на возраст од 13 години. Во 2009 година го направил своето деби за вториот тим на Осер во Првенство де Франс аматер. На 24 јануари 2010, тренерот на Осер Жан Фернандес го повикал Саного во првиот тим за натпреварот од Купот на Франција против Седан кој бил одигран на 26 јануари, еден ден пред неговиот 17-ти роденден. Исто така му бил доделен дресот со број 19.[2] Саного го направил своето професионално деби влегувајќи од клупата во 108-мата минута, а Осер го добил натпреварот по изведувањето на пенали со вкупен резултат 3-0.[3] На 5 мај 2010, тој го имал своето лигашко деби влегувајќи како замена во поразот со 2-1 од Лион.[4] На 6 ноември 2011, Саного го постигнал својот прв преофесионален гол во кариерата стрелајќи во мрежата на Тулуза при победата со 2-0.[5] За време на неговата последна сезона (2012-13) во Осер постигнал 10 гола на 13 настапи во Лига 2.
Арсенал
На 5 јули 2013, Саного потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал и го добил дрессот со број 22, кој претходно бил носен од неговиот сонародник Франсис Коклен.[6] На 24 август, Саного го направил своето официјално деби за Арсенал против Фулам на Крејвен Котиџ појавувајќи се како замена за Лукас Подолски во 81-вата минута од натпреварот кој "топџиите" го добиле со 3-1.[7]
Титули
Клупски
Арсенал
Репрезентација
Наводи
Надворешни врски