Mало Езеро е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Месното население го нарекува Мицкоо (малечко)[2]. Се наоѓа на околу 2,000 м надморска висина. Долго е 25, а широко е 15 метри. Длабоко е околу еден метар[3]. Се наоѓа на ливадест предел. Басенот му е вдлабнат, а на дното има ситен нанос. Езерото не пресушува, бидејќи го одржуваат три поголеми извори. Се одлива преку еден поток, кој потоа се влева во Призренска Бистрица.[4].
Поврзано
Наводи