Луциј Емилиј Павел (починал на 2 август 216 п.н.е.) бил римски конзул во 219 и 216 година п.н.е. Ја предводел римската војска во битката кај Кана, каде бил и убиен.
Павел своето прво конзулство го споделувал со Марко Ливиј Салинатор.[1] За време на неговиот прв мандат го поразил Димитриј Фароски во Втората илирска војна и го принудил да побегне на дворот на Филип V Македонски.[2] По враќањето во Рим, бил награден со триумф. Потоа бил обвинет за неправедно делење на пленот, но сепак бил ослободен.[1] [3]
За време на Втората пунска војна, Павел бил реизбран за конзул и служел заедно со Гај Теренциј Варон. Во битката кај Кана ја спделувал командата со војската заедно со Варон. Варон ги водел трупите спротивно од предлозите на Павел и Римјаните во битката доживеале тежок пораз.[4] [5] Павел загинал во битката, а Варон успеал да побегне.[6]
Во епската поема „Пуника“ од Силиус Италикус, Павел е опишан како го убива картагинскиот командант Вириатус пред сопствената смрт.[7]
Павел бил татко на Луциј Емилиус Павел Македоник, а неговата ќерка Емилија Терција се омажила за Скипион Африканецот.[8] [9] [10]