Куново — археолошко наоѓалиште во кочанската населба Оризари.
Претставува населба од римско време.
Се наоѓа на десната страна на патот Кочани - Делчево, на мала тераса што се издига над оризовото поле во коритото на Брегалница и претставува продолжение на теренот на кој лежи наоѓалиштето Куново - Чуки. На површината има фрагменти од атипична римска керамика, тегули и тули, а селаните откопале и неколку питоси со различни големини. Во 1966 година, при реконструкцијата и асфалтирањето на патот е подигната асфалтна база и сепарација, со што се направени големи оштетувања на површинскиот слој од населбата.[1]
Поврзано
Наводи