Кула (Јуручки Камен) — утврдување од хеленистичко време од среден век во атарот на селото Корешница, Македонија. На левиот брег на Вардар, над самиот раб на кањонот од Человечка Река, околу 700-800 метри северно од наоѓалиштето Маркови Кули има остатоци од тврдина. На оваа непристапна височина се гледаат остатоци од средновековни бедеми, градени во цврст малтерен опус, зајакнати со четвртести кули изградени врз бедеми од хеленистичкото време. Северно од нив има остатоци од уште една поголема тврдина, поставена на врвот на ридот Јуручки Камен чија источна страна оди по должината на кањонот на реката, која исто така е подигната врз постара тврдина (хеленистичка). Ѕидана е масивно во сувоѕидица и зафаќа простор со димензии од 260 × 50 метри. Во 1971 година во тврдината се вршени археолошки сондажни истражувања при што во една од кулите е откриен средновековен гроб.[1]
Поврзано
Наводи