Кузман Атанасов Шапкарев (1 февруари1834 во Охрид — 18 март1909 во Софија) — еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари.
До промена во неговиот живот дошло кога му понудиле да го заземе учителското место на неговиот чичко. Така станал учител и учителствувал во Битола, Охрид, Струга, Прилеп и Кукуш на грчки и бугарски јазик.[1] Тогаш ги запознал Димитрија и Константин Миладинови. По стапките на Димитрија Миладинов, на кого му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка, почнал да собира народни песни и умотворби. Кога браќата Миладиновци бидуваат затворени, Кузман безуспешно се обидува да им помогне. По нивната смрт, тој отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.
Кон крајот на својот живот заминал за Бугарија. Починал во Софија во 1909 година.
Обемот и квалитетот на собраниот материјал го вбројуваат Шапкарев меѓу најголемите собирачи на народни умотворби не само од Македонија, туку од целиот Балкан. Во своето творештво Шапкарев се изјаснува како Бугарин по род.[6]
1884 — „Материали за историята на възражданието българщината в Македония от 1854 до 1884 г.“ ("Материјали за историјата на преродбата на бугарштината во Македонија од 1854 до 1884 г.")
1884 — „Русалии: древен и тврдѣ интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония“ ("Русалии: антички и премногу интересен бугарски обичај зачуван до денес во Јужна Македонија")
1885 — „Сборникъ отъ народни старини. Книга III. Български Народни Прикаски и Верования събралъ въ Македония и издава К. А. Шапкаревъ“ ("Зборник од народни старини. Книга III. Бугарски народни приказни и верувања собрал во Македонија и издава К. А. Шапкарев")
↑Кузман Шапкарев - „18-годишне учителствувание мое на български язик, от 1865 до 1884 година“
↑Кузман Шапкарев - „Отиванието и пребиванието ми в Пловдив, Самоков и въобще в българско“
↑"Пътеводител по фондовете на научния архив на БАН", 1981, том 1, стр. 130
↑"Български възрожденски книжовници от Македония: избрани страници", София, 1983, Издателство на БАН, стр. 221
↑"Проблеми на културата", София, 1987, Изтдатествто на Комитета за култура, стр. 118
↑Кузман Шапкарев - „Материали за възраждането на българщината в Македония“: Родил съм се в охридский градский квартал, Варош називаем, в махалата «Св. Безсребреници Врачей», на 1-й февруарий 1834 г. (следователно днес, 1895 г., съм на 62-годишна възраст), от родители сиромаси, родом българи, православни християни.