Кубен метар |
---|
Кубик бетон (светското годишно производство по глава на жител). |
Информации за мерката |
---|
Мерен систем | SI |
---|
Единица за | зафанина |
---|
Ознака | м3 или m3 |
---|
Кубен метар или кубик[1] (симбол: м3 или m3) — изведена SI-единица за волумен (зафатнина). Тоа е еднакво на волуменот на коцка со страна долга еден метар. Поранешни мерки за оваа количина се стерот и килолитарот.
Претворање
1 кубен метар е исто што и:
Кубен метар чиста вода при температура на максимална густина (3,98 °C) и стандарден атмосферски притисок (101,325 кПа) има маса од 1.000 кг, или еден тон. При 0 °C (кога водата е замрзната) кубниот метар има малку помала маса (999,972 кг)
Содржатели и поситни единици
Содржатели
- Кубен декаметар
- волуменот на коцка со страна од еден декаметар (10 м)
- еднакво на еден мегалитар
- 1 дам3 = 1,000 м3 = 1 Мл
- Кубен хектометар
- волуменот на коцка со страна од еден хектометар (100 м)
- еднакво на еден гигалитар
- 1 хм3 = 1.000.000 м3 = 1 Гл
- Кубен километар
- волуменот на коцка со страна од еден километар (1.000 м)
- еднакво на еден тералитар
- 1 км3 = 1.000.000.000 м3 = 1 Тл
Поситни единици
- Кубен дециметар
- волуменот на коцка со страна од еден дециметар (0,1 м)
- еднакво на еден литар
- 1 дм3 = 0,001 м3 = 1 л
- Кубен сантиметар
- волуменот на коцка со страна од еден сантиметар (0,01 м)
- еднакво на еден милилитар
- 1 см3 = 0,000001 м3 = 10-6 м3 = 1 мл
- Кубен милиметар
- волуменот на коцка со страна од еден милиметар (0,001 м)
- еднакво на еден микрилитар
- 1 мм3 = 0,000000001 м3 = 10-9 м3 = 1 µл
Наводи