Крвава недела |
---|
Место | Истанбул, Турција |
---|
Датум | 16 февруари 1969 |
---|
Вид напад | протести, немири |
---|
Мртви | 2 |
---|
Крвава недела (турски: Kanlı Pazar) — протести организирани од страна на левичарските сили во Истанбул, Турција, а кои биле задушени во крв од контрареволуционерните сили. Протестот се одржал на плоштадот Бајазид. Позадина на протестите бил државниот удар во земјата од 1960 година, кога власта преминала во рацете на офицери од турската армија[1], и во следните години се зголемило американското влијание во земјата[2]. Немирите го достигнале својот врв на 16 февруари 1969 година, кога 30.000 демонстранти марширале на плоштадот Таксим. Демонстрациите биле растурени од полицијата, а двајца демонстранти биле убиени.
Наводи