Коста Бајиќ (роден на 7 септември 1989 година во Нови Сад) е српскифудбалскинапаѓач кој моментално игра за тимот на Братство од Грачаница во Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина.
Клупска кариера
Почетна кариера
Коста Бајиќ поминал низ сите возрасни категории на клубот Војводина. Подоцна играл во повеќе клубови од понизок ранг каде бил многу ефикасен. Во летото 2013 година потпишал за екипата на Јагодина заедно со фудбалерот Александар Пешиќ.[1] Првиот натпревар за тимот на Јагодина му бил на последниот натпревар од есенската полусезона во Јелен Суперлига (Српска Суперлига) против екипата на Раднички од Крагуевац. Тренерот му дал шанса да влезе во игра во последните минути од натпреварот.[2]
Бешелиѓа Лежа
Во јануари 2015 година, Бајиќ заминал да игра во Албанија, потпишувајќи договор до крајот на сезоната со албанскиот прволигаш Бешелиѓа Лежа.[3] Тој бил поставен во тимот да игра со бројот 9. Својот прв натпревар за овој клуб го имал на 7 февруари во натпреварот без голови против клубот на Трбуни Пуке.[4] Вкупно 292 минути бил без постигнат гол. Во четвртиот натпревар на 4 март го постигнал својот прв гол против екипата на Илирија Фуша-Круја. На овој натпревар неговата екипа победила со резултат од 2:0.[5]
Тој натпревар бил само иницијален за постигнување на повеќе голови. Наредните голови на Баиќ биле против тимовите на Беса Каваја,[6] Камза[7] и Илирија Фуша-Круја.[8] На 2 мај, Бајиќ го постигнал најбрзиот гол во историјата на албанската прва лига наоѓајќи го патот до мрежата по само 36 секунди од натпреварот. Со овој гол Бајиќ му овозможил на својот тим да забележи победа со резултат од 1:0 над тимот на Адријатику Мамурас во 25то коло.[9]
Во претпоследната недела од сезоната, Бајиќ постигнал гол во победата од 5:0 на домашен терен против екипата на Велечику Коплик[10] и го завршил вториот дел од сезоната со 7 гола од 13 настапи. Тимот завршил на второто место во групата А, не успевајќи да обезбеди место во најсилната Албанска Суперлига следната сезона.[11]
По крајот на сезоната, Бајиќ се согласил да го продолжи договорот, потпишувајќи до јуни 2016 година.[12] Тој ја започнал својата втора сезона со клубот, постигнувајќи хет-трик на третиот натпревар против клубот на Беса Каваја за победа од 4:0 на домашен терен, помагајќи му на својот тим да го преземе првото место во лигата.[13] Тој уживал во плодната игра и форма во првите месеци од новата сезона постигнувајќи го победничкиот гол против екипата на Кастриоти Круја за победа од 2:1 во реваншот од првото коло од Купот на Албанија 2015-16. Неговиот тим сепак бил елиминиран според правилото постигнат гол на гостински терен, а на првиот натпревар неговиот тим загубил со резултат од 1:0.[14] Во лигата, Бајиќ постигнал уште два гола во победата од 4:0 против клубот на Адријатику Мамурас, зголемувајќи го бројот на голови на вкупно 5.[15]
Тој ја започнал 2016 година во голем стил, постигнувајќи хет-трик во победата од 4:0 на домашен терен против клубот на Казма.[16] Во март, Бајиќ постигнал два гола во победите од 4:0 против клубот на Ада Велипоје.[17][18] Во претпоследната недела од сезоната, Бајиќ испишал историја постигнувајќи ги сите шест гола на својот тим во поразот на домашен терен со 6:7 од клубот на Адријатику Мамурас. Со тие 6 гола Бајиќ стигнал до бројот од 23 погодоци во таа сезона.[19] Со 23 првенствени голови, Бајиќ ја освоил Златната копачка како најдобар стрелец во лигата, постигнувајќи еден повеќе од Ермир Рези од тимот на Ерзени Шијак.[20] Бешелиѓа Лежа уште еднаш не успеала да обезбеди место во албанската Суперлига за следната сезона.[20]
Бајиќ ја започнал својата трета сезона во Бешелиѓа Лежа на 24 септември 2016 година играјќи цели 90 минути во победата од 0:1 на гостински терен кај тимот на Беса Каваја.[21] Тој играл во двомечот против тимот на Ерзени, од Купот на Албанија, постигнувајќи гол во реваншот за да ѝ помогне на Бешелиѓа да напредува во следната рунда со вкупен резултат од 5:3.[22] Бајиќ својот прв гол во таа сезона го постигнал на 12 октомври во победата од 2:3 против тимот на Ерзени, постигнувајќи го третиот гол на натпреварот.[23] Десет дена подоцна, Бајиќ повторно постигнал гол во последните моменти од натпреварот против тимот на Кастриоти Крује, со што неговиот тим го заземал второто место на табелата.[24]