Киевско метро

Киевско метро
Київський метрополітен
Општо
СопственикГрадски совет на Киев
МестоКиев
Тип на превозметро
Бр. на линии3
Бр. на станици50
Патници дневно1,38 млн
Мреж. местоhttp://www.metro.kyiv.ua/
Сообраќање
Почнал1960
ПревозникКиевско метро
Бр. на возила664 возила (со 131 возови)
Технички податоци
Долж. на системот65,18 км
Колосек1520 мм

Киевско метро (украински: Київський метрополітен или Київське метро) — метро кое се наоѓа во престолнината на Украина, Киев. Метрото претставува главен столб на јавниот превоз во градот. Ова метро било првото кое било изградено во Украина, и трето во СССР, по оние во Москва и Ленинград.

Историја

Идејата за изградба на брз транзитен систем во Киев потекнува од 1916 година, кога грпа од руско-американски стопанственици правиле обид за спонзорство на проектот. По падот на царската власт во земјата, Павло Скоропадски бил исто така заинтересиран за изградба на системот, но по доаѓањето на власт на комунистите, проектот пропаднал целосно.

По крајот на Руската граѓанска војна, Киев станал само еден од повеќето провинциски градови, чија важност била намалена. Ова се променило по две децении кога во 1934 година, престолнината на Украина била преместена од Харков во Киев. По само две години, Киевскиот општински совет испратил барање за изградба на подземен транзитен систем. Подготовките за изградба започнале во 1938 година, но истиот проект пропаднал во 1938 година, кога бил познат фактот дека светот се наоѓа пред нова голема војна.

Во текот на војната, градот бил разрушен во голема мера. Поради ова, по војната започнала голема реконструкција и обновување на градот. Подготовките за изградба на метро започнеле во август 1949 година. По единаесет години биле изградени првите 5,2 километри. Во следните години, метрото постојано се проширувало, а како главни фази од истото важат годините 1963, 1971 и 2003 година.

Денеска, метрото има три линии со вкупна должина од 65,18 километри и 50 станици. Целосниот транспортен систем се проценува на 1.380.000 патници дневно, или 42,5% од вкупниот јавен транспорт во градот. Во 2010 година, вкупниот број на патници ја надминала бројката од 504.200.000 патници.

Арсеналната станица се наоѓа на 105 метри под земјата.

Strategi Solo vs Squad di Free Fire: Cara Menang Mudah!