Музејот на вселената (украински: Музей космонавтики) е музеј кој се наоѓа во престолнината на Украина, Киев.
Музејот ја раскажува историјата на вселената, и истиот бил отворен на 7 април 1991 година и се наоѓа во планетариумот на градот.
Посетителите при посетата на музејот можат да се запознаат со првите астронаути, со интересни материјали од украинскиот вселенски центар, како и моменталната состојба и напредок на оваа индустрија. Една од највредните експонати е фотографијата на првиот сателит, бродот Восток со кој полетал Јуриј Гагарин.