Квалитативната неорганска анализа го анализира присуството на некој хемиски елемент или неорганско соединение во еден примерок за анализа.
Во 1вата аналитичка група на катјони спаѓаат: Ag+, Hg2+2 и Pb2+. Во реакција со групниот реагенс, хлороводородна киселина обично со концентрација од 1–2 M, се таложат како хлориди, кои се нерастворливи во вода.
Во 2рата аналитичка група на катјони спаѓаат: Cd2+, Bi3+, Cu2+, As3+, As5+, Sb3+, Sb5+, Sn2+, Sn4+ и Hg2+. Во реакција со групниот реагенс, сулфуроводородна киселина, се таложат како сулфиди.
Во 3та аналитичка група на катјони спаѓаат: Fe2+, Fe3+, Al3+ и Cr3+. Во реакција со групниот реагенс, амониум хидроксид, се таложат како нерастворливи хидроксиди. Реакцијата се изведува на pH од 8–9, што се постигнува со додавање на пуферски раствор.
Во 4та аналитичка група на катјони спаѓаат: Zn2+, Ni2+, Co2+ и Mn2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум сулфид во базна средина, се таложат како слабо растворливи сулфиди.
Во 5та аналитичка група на катјони спаѓаат: Ba2+, Ca2+ и Sr2+. Во реакција со групниот реагенс, амониум карбонат во базна средина, се таложат како карбонати.
Катјоните кои остануваат после внимателно одделување на претходните групи се вбројуваат во шеста аналитичка група. Тука спаѓаат: Mg2+, Li+, Na+ и K+.