Катедрала Св. Михаил (француски: Cathédrale Saint-Michel) — Римокатоличка црква во Рикитеа на островот Мангарева, Гамбје, Француска Полинезија. Катедрала била изградена во источниот дел од Рикитеа во периодот од 1893 и 1848 од мисионери. Црквата е изградена во неоготски стил од варовник.[1][2] Црквата е најголема црква во Јужниот Тихи Океан.
Темелите биле поставени на 17 јануари 1893 година од бискупот Етјен Жером Рушуз, а осветени на 4 април 1893.[3] Црквата е долга 48 метри, широка 18 метри и има висина од 21 метар. Во црквата има места за седење за 1200 луѓе и трипати е поголема од Катедралата во Папете.[4] Во дворот на црквата се наоѓаат гробовите на поголем број рани мисионери, како и тој на кралот на Мангарева.[4]