Исмаил Кадаре (албански: Ismail Kadare, француски: Ismail Kadaré; 28 јануари 1936 – 1 јули 2024) — албански писател кој ужива голема меѓународна репутација. Тој ја започнува својата литературна кариера како поет во 1950-тите години. Во шеесеттите, тој ја пренасочува својата креативна енергија кон прозата и многу скоро станува нејзин неоспорен мајстор и најпопуларен албански писател. Во 1992, е награден со Prix mondial Cino Del Duca, а во 2005 ја освојува првата награда на Man Booker International и неколкупати бил номиниран за Нобеловата награда.[1]
Неговите дела се преведени на 50 светски јазици. Член е на француската академија, како и на уште неколку други значајни светски институции и асоцијации. Досега има објавено десетина книги поезија, раскази и романи и есеи, од кои најпознато дело му е романот Генералот на мртвата војска. Денес живее во Париз.
Библиографија
- Генералот на мртвата војска (1963)
- Тврдина (1970)
- Хроника во каменоломот (1971)
- Големата зима (1977)
- Скршениот април (1978)
- Трострелниот мост (1978)
- Палата од соништата (1981)
- Случајот на Х. (1981)
- Албанска пролет (1991)
- Пирамида (1995)
- Три елегии за Косово (1998)
- Ќерката на Агамемнон (2003)
- Наследникот (2003)
Наводи