Зоза (германски: Sosa) — село и поранешна општина во западните Рудни Планини, во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Таа е покраинско признат здравствен центар, кој припаѓа на градот Ајбеншток од 1 јануари 2011.
Географија
Зоза се наоѓа на двете страни на слично именуваниот поток Зозабах на височина помеѓу 550 и 817 метри надморска височина. Исто така, во селото е и Rote Grube.
Историја
Зоза започнал како шумарско село (Waldhufendorf). Во 1453 првпат бил споменат како Sossaw, иако се верува дека неговите почетоци се од 13. век. Луѓето првично ја работеле земјата; меѓутоа, од 18. век па натаму, рударството добило на значење. Во втората половина на 19. век, рударството изгубило на значајност и многу емигрирале во Цвикау. Имало кратко заживување помеѓу 1947 и 1956, кога советско-германската корпорација Визмут (Sowjetisch-Deutsche Aktiengesellschaft Wismut, или SDAG Wismut) започнала рудник за ураниум.
Движење на населението
Развојот на населението (31 декември):
Население во минатотоГодина | Нас. | ±% |
---|
1971 | 2.709 | — |
---|
1998 | 2.311 | −14.7% |
---|
1999 | 2.330 | +0.8% |
---|
2000 | 2.321 | −0.4% |
---|
2001 | 2.287 | −1.5% |
---|
2002 | 2.273 | −0.6% |
---|
2003 | 2.248 | −1.1% |
---|
2004 | 2.189 | −2.6% |
---|
2005 | 2.157 | −1.5% |
---|
2006 | 2.137 | −0.9% |
---|
- Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
Култура и знаменитости
Помеѓу 1949 и 1952 било изградено вештачкото езеро Зоза. Неговата брана е скоро 60 метри висока, а нејзината површина е 39,3 хектари.
Познати луѓе
Надворешни врски