два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента
Знамето на Соломоните е официјалното знаме на оваа океанска држава, кое било усвоено на 18 ноември1977. Знамето е составено од два триаголника во сина и зелена боја, поделени со дијагонална златна лента. На синиот триаголник, во кантонот, има пет бели петокраки. Петте ѕвезди ги претставуваат петте главни острови.[1] Сината боја го симболизира околното море на Соломонските Острови, зелената боја ја симболизира земјата, додека златната боја го симболизира сонцето.
Граѓанската инсигнија[2] (за трговски бродови) и државната инсигнија[3] (за владини невоени бродови) е малку поразлично од државното знаме. Имено, во двете знамето е поставено во кантонот, а целото знаме е со црвена или сина позадина.