Знаме на Кирибати
|
|
Употреба
|
државно и пловно знаме
|
Сразмер
|
1:2
|
Усвоено
|
12 јули 1979
|
|
|
Варијанта на знамето на Кирибати
|
Сразмер
|
1:2
|
Усвоено
|
мај 1937
|
Знамето на Кирибати е официјалното знаме на оваа океанска држава. Знамето на Кирибати е усвоено на 12 јули 1979 година.
Историја
Знамето на Кирибати е усвоено по независноста на државата. Дизајнот на знамето е преземен од грбот на британската колонија Гилбертови и Елиски Острови, само со проширени брановидни ленти и позадина. Знамето и грбот на британската колонија биле направени во 1932 година.
Дизајн
Знамето е составено од црвена позадина во горниот дел на знамето, а во долниот дел на знамето има приказ на три брановидни бели и три брановидни сини ленти. Над брановидните ленти има изгрев на златно сонце со 17 краци, а над сонцето има златна птица фрегата. Размерот на знамето е 1:2.
Симболизам
Белите ленти ги претставуваат трите островски групи од кои е составена државата, а тоа се: Гилбертови Острови, Острови Феникс и Линиски Острови. Седумнаесетте краци на сонцето ги симболизираат шестнаесетте Гилбертски Острови и островот Банаба.
Официјалното толкување на симболите е следново[1]:
- Птицата е фрегата, која симболизира моќ, слобода и кирибатски танцови шари.
- Изгревот на сонцето го претставува тропското сонце бидејќи Кирибати лежи во близина на екваторот.
- Морето е Тихиот Океан, каде и се наоѓа државата.
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Знаме на Океанија |
---|
| Држави | |
---|
| Зависни територии | |
---|
| 1 Држави кои се сметаат како дел од друг континент, во овој случај Азија. |
|