Жером Боатенг (германски: Jérôme Boateng, Берлин, 3 септември 1988 ) — германски фудбалер кој во моментов игра за Баерн Минхен .
Кариера
Роден е во Берлин, од мешан брак помеѓу Германка и Ганец. Неговиот вујко, Роберт Боатенг е поранешен гански претставник. Полубратот на Жером, Кевин Принс, играл за Милан Ја започна својата кариера во Херта. Тој го зел местото во првата екипа во која играл една сезона пред да се пресели во Хамбургер . Тој двапати успеа да се квалификува во полуфиналето на Лигата на Европа.
Заминал за Манчестер Сити на 5 јуни 2010 година со компензација од 10,4 милиони фунти . Тој го направил своето деби за Сити во пријателска игра со Валенсија . Тој го пропушти почетокот на сезоната поради повредата што ја заработи додека играл за репрезентацијата во пријателски натпревар со Данска [4] . Затоа тој дебитирал во официјалната игра за Сити на 25 септември 2010 година. За првпат тој бил во почетниот распоред против Јувентус (1: 1) во Лигата на шампионите [5] .
Репрезентација
Боатенг играл за сите помлади државни репрезентации. Тој дебитирал за високата репрезентација на Германија на 10 октомври 2009 година против Русија [6].
Јоаким Лев го вклучи Боатенг на списокот на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Боатенг на 23 јуни 2010 година играл против неговиот брат Кевин Принс кој играл за репрезентацијата на Гана [7] .
Боатенг, исто така, учествувал на Европското првенство во2012 година. и бил првиот избор на селекторот.
Трофеи
Манчестер Сити
Баерн Минхен
- Првенство на Германија (6) : 2012/13, 2013/14, 2014/15, 2015/16, 2016/17, 2017/18.
- Куп на Германија (3) : 2012/13, 2013/14, 2015/16.
- Супер купот на Германија (4) : 2012, 2016, 2017, 2018
- Телеком Германија Куп (4) : 2013, 2014, 2017 (зима), 2017 (лето)
- Лига на Шампиони (1) : 2012/13. (финален 2011/12 ).
- Супер купот на УЕФА (1) : 2013.
- Светско клупско првенство (1) : 2013.
Германија
Наводи
Надворешни врски